Над 250 македонски гинеколози, акушери, педијатри, неонатолози и лекари од интензивните оддели, како и медицински сестри, пет дена ќе се обучуваат за најновите методи за клиничка дијагностика како и пред и пост натална грижа за да се намали смртноста кај новороденчињата. Обуките почнуваат од денеска, а ќе ги одржуваат еминентни професори од Амстердам.
Целта на проектот е да се зголеми стапката на преживување кај пред време родените бебиња и до 30 проценти за одредени тежински групи. Досега, во рамките на проектот се започна со подобрување на условите, капацитетите и експертизата во Специјална болница за гинекологија и акушерство “Мајка Тереза“во Чаир и на Клиниката за Детски болести во одделот за интензивна нега, со цел создавање на “ Перинатални центри на инворендност“, велат организаторите ПериМак кое е пртнерство меѓу Проект ХОПЕ Македонија и Проект ХОПЕ Германија заедно со Министерството за здравство.
Една од целите на проектот е да се овозможи на медицинскиот кадар во болниците да третираат специфични патологии и состојби на високоризични бремености, како и прематурни и ризично родени новороденчиња што поефикасно. За оваа цел, најсовремена медицинска опрема во вредност од околу 1 милион евра веќе е донирана, од страна на Проект ХОПЕ Германија до двете болници, како и мал дел до Клиничка болница Тетово. Дополнително, неколку доктори од идните експертски центри веќе поминале обуки од по неколку недели во Универзитетските Болници во Амстердам и Бон. Во планот на ПериМак, е во проектот да се вклучи уште најмалку една болница во текот на наредната година, велат организаторите.
Инаку, Проект ХОПЕ е основана во 1958, а во Македонија е присутна од 1993 година. Проект ХОПЕ е лидер во глобален развој на здравството и програми за одговор на кризи. Проект ХОПЕ е интернационална невладина организација чија цел е спасување на животи и подобрување на здравствена грижа, со посебен акцент на здравјето на жените и децата. Нашата мисија ја остваруваме преку подобрување на знаењето, способностите и алатките кои ги користат здравствените работници при пружање грижа. Со програми во повеќе од 30 држави во светот, работиме во епицентарот на денешните најголеми здравствени предизвици, вклучувајќи инфективни и хронични болести, елементарни непогоди и здравствени кризи, здравје на мајки, новороденчиња и деца, како и на здравствени политики и протоколи кои влијаат на пружање здравствена грижа. Обуките се поддржани од страна на Алкалоид АД Скопје.

