Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Страшната и опасна ноќ на режимот

0
By Zoran Ivanov on November 30, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Знаеме дека огромните плати по министерствата и владата предизвикуваат конформистичко однесување на државните функцинери и лажни патриоти кои за да ги излажат гласачите токму за да седнат на тие удобни фотељи (еве, пак се докажа, нема поголем доказ од самата таа ноќ!) дури јаваа и коњи кон славно Крушево, но дека до толку тие ќе го остават народот на опасност по нивните животи, тоа веројатно никој од нас не можеше да замисли дека е можно да се случи – а од режимот, според изјавите вчера, знаеле дека е можно да се случи! Тие свесно не оставија на милост и немилост таа ноќ.

Тони Науновски

Колку оваа октроирана власт е опасна дури и по самата физичка индивидуална и колективна егзистенција на секој од нас што живее во овој режим најдиректно можеше да се види и доживее предминатата ноќ. Не постои поинаков рационален и логички начин за интерпретација на таа страшна и опасна ноќ за државата и обичниот народ освен дека произлегува од епската, историска неспособност и веројатно понижувачките коалициски договори (со други зборови, политичко слугување кон ВЛЕН), и се разбира, можеби дури и првенствено, од бескрупулозната волја за задржување на дебело платените функционерски фотељи на оние од мицковистичко ДПМНЕ. Вџашувачки и крајно застрашувачки е тоа што нема граници, очигледно, ете видовме, до кои не може да стаса нивната политичка сервилност кон коалициските Меџити, Билал Касами, Гаши и Таравари (оние од Знам веќе одамна е бесмислено и да се споменуваат како некаков важен политички фактор).

Не постои начин да се објасни а камоли  одбрани тоа отсуство на институциите на државата таа страшна ноќ, тоа присуство на масовен страв кај обичните луѓе – таа ноќ ние бевме препуштени сами на себе, без држава и институции на системот кои сами по себе се основани токму и за заштита на јавниот ред и мир. На многу улици низ македонските градови дивееја толпи кои блокираа улици, кинеа знамиња, палеа знамиња, кршеле табли, оштетувале автомобили, и чии жртви на стравот беа обичните луѓе кои случајно се нашле на тоа место и во тоа време, додека полицијата и сите други безбедносни агенции никаде ги немаше, или пак, уште полошо, беа неми набљудувачи на тој хаос и немири. Знаеме дека огромните плати по министерствата и владата предизвикуваат конформистичко однесување на државните функционери и лажни патриоти кои за да ги излажат гласачите токму за да седнат на тие удобни фотељи (еве, пак се докажа, нема поголем доказ од самата таа ноќ!) дури јаваа и коњи кон славно Крушево, но дека до толку тие ќе го остават народот на опасност по нивните животи, тоа веројатно никој од нас не можеше да замисли дека е можно да се случи – а од режимот, според изјавите вчера, знаеле дека е можно да се случи! Тие свесно не оставија на милост и немилост таа ноќ.

И додека полицијата на мицковистичко дпмне, ВЛЕН и оние од ЗНАМ никаде ја немаше на улиците низ бројни Македонски градови кога беа најпотребни, додека многу обични луѓе беа  застрашени, ете ги вчера без срам и барем минимум чувство за одговорност претставниците на  режимот – со конфузни и самоконтрадикторни квази-објаснувања за тоа скандалозно, свесно оставање на народот во јавна опасност, и тоа повеќе часови. Очекувано, се јавија и дежурните и добро платени комичари наречени апологети на режимот со, како и обично, некакви теории на заговор, со некакви детски измислици за опозициски планови за дестабилизација и слични лоши вицови. Па, одамна сите кои не се дел од октроираниот режим знаат дека нема поголема дестабилизација од самата оваа нелегитимна и неспособна власт, дека самото нејзино опстојување е опасност за нас, обичниот народ – а тоа го доживеавме и предминатата ноќ, го доживеа секој обичен човек. Нема план за дестабилизација на удобните фотељи за кои всушност се загрижени бројните користољубиви функционери од режимот; планот нека си го бараат во нивната инхерентно опортунистичка логика на функционирање на оваа клика на режимот, на партиските агенди на Влен и мицковистичко дпмне, што сето заедно доведе до нефункционална држава и недејствување на партизираните институциии. Народот има план да ги порази со демократско гласање на предвремени избори, и ништо друго.

 

До пред конституирањето на овој режим, тотално оттуѓен од народот и опасен за него, обичните луѓе веруваа дека институциите на системот на државата се деперсонализирани гаранти и сервиси на физичкиот и општествено-политичкиот живот на индивидуата, апарат за заштита на правата и слободите на граѓаните. Од предминатата ноќ тоа повеќе не важи, дури и најголемите скептици кон фактите за тоталитарниот режим гледајќи ги страшните сцени на палење и газење на државното знаме веројатно се уверија дека оваа држава и институциите се дестабилизирани од самата управувачка клика на државата. Бројните негативни последици од таа страшна ноќ која за среќа не се претвори и во вартоломејска ноќ за обичните луѓе брзо ќе ги почувствуваме сите ние, пак обичните луѓе – сите ние кои не сме припадници на режимот. Каква ЕУ, какви странски инвестиции, каква слобода и демократија може да има после таа ноќ, со оваа власт на мицковистичко ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ?! Па, од квалитетот и ефективното функционирање на институциите на системот, како клучно олицетворение на самата држава, во најголема мерка зависат речиси сите битни параметри на состојбите и можностите за севкупниот развиток на државата. Каква иднина имаме ние со овој режим кој ја дозволи таа страшна ноќ?!

Впрочем, ете го одговорот зошто и до денес со оваа октроирана власт Македонија на некој начин повеќе не е ниту држава во вистинска смисла на зборот. Институциите на системот се државата, а самиот поим држава подразбира почитување на законите, Уставот, јавен ред и мир, владеење на правната држава за сите и насекаде на територијата на државата и еднаквост пред законите, каде што има ефективни институции кои функционираат исклучиво во полза на народот, граѓаните.  Имаше ли такво нешто таа страшна ноќ?! Не. И ете зошто со мицковистичко дпмне, Влен и Знам има многу ниско ниво на странски инвестиции, ете зошто во последните месеци многубројни центри на моќ изгледа започнаа да не третираат како „банана-држава“ која со скапи кредити ја вметнуваат во своите геополитички интереси, држава која за кратко време под нивна власт е се подалеку од основните критериуми воопшто и за помисла за преговори околу интеграција во ЕУ. Во ЕУ се примаат држави (Држави!), а не предполитички, предмодерни творби во кои владее законот на посилниот, на режимот, каде нема ниту минимум ефективни институции и владеење на законите! Каде што владее окториран диктаторско-тирански режим со кои, ете видовме, Македонија може да се претвори во обична територија – како по лекциите од „Левијатан“ на Томас Хобс. Ете, до тоа дереџе не донесе антинародното владеење на мицковистичко дпмне, Влен и Знам.

И затоа денес највисока патриотска должност на секој обичен човек е да допринесе за што е можно побрзо паѓање на овој режим. После таа страшна ноќ, временски предалеку се чинат предвремени парламентарни избори заедно со локалните – секој изминат ден, секоја измината ноќ со овој режим е пад на Македонија и опасност дури и за животот на нас, обичните луѓе, народ.

Текстот е сопсвеност на Локално.мк

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025
ФОКУС

Тел Авив: Ослободени сите живи заложници од Газа

ВЕСТИ October 13, 2025

Тринаесет преостанати живи заложници што ги држеше Хамас во Појасот Газа се ослободени и предадени…

Хамас започна со ослободување на заложниците во Газа

October 13, 2025

Блокади за „Пулс“ во Кочани- ќе траат по еден час секој ден

October 12, 2025

Најмалку 20 лидери ќе присуствуваат на мировниот самит за Газа во Египет

October 12, 2025
ТИКЕР

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.