НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стратегијата за старт на преговорите со ЕУ е во колапс и треба да се редефинира, смета Демократскиот Сојуз

0
By Sashko on April 17, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Демократскиот Сојуз (ДС) смета дека стратегијата на Македонија за отпочнување на пристапните преговори за полноправно членство во Европската Унија (ЕУ) е во колапс и истата треба да се редефинира.

„Неразбирливo е тоа што министерот за надворешни работи пред некој ден објави дека имаме предлог договор доставен до Бугарија и чекаме на нивна согласност, па подоцна откако Бугарија изјави дека нема таков договор (или го отфрлиле), тоа било предлогот на Португалија. Потоа Германија соопшти дека во 2020 година сме ја чекале Албанија за заедно да ги почнеме преговорите (сега Албанија сака да оди пред нас), па отворање на Културен центар на Бугарите, „Иван Михајлов” во Битола, изјавата на потпретседателката Јотова, дека досега од Македонија никој не барал признавање на Македонците во Бугарија, дополнително и изјавата на бугарскиот кодош и поранешен министер за одбрана – „Огин да ја гори Македонија без Бугари” итн., се факти кои сугерираат темелно преиспитување на Стратегијата на Македонија за полноправно членство во ЕУ (ако воопшто ја имаме), која е очигледно погрешна, како и тајните разговори кои се водат со Бугарија за деблокада на овие процеси“, сметаат од ДС.

Партијата упатува повик до министерот за надворешни работи Бујар Османи, да го информира парламентот за сите аспекти на нашите евроинтегративни процеси, како и за разговорите со Бугарија.

„Со Бугарија треба да градиме добри односи на реципрочна основа и да ги отфрлиме нерационалните историски барања кои не кореспондираат со историските факти и 21 век“, се заклучува во соопштението на Демократскиот Сојуз.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.