Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стратешко партнерство – “за мултиетничка Македонија”

0
By Marija Todorovska on March 10, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
И бидејќи јавно за заштитата на Охридскиот рамковен договор и за неговата егзистенцијална улога за опстанокот и функционалноста на Северна Македонија, со речникот на стратешкото партнерство со САД, на политичката сцена говори само политичката партија ДУИ – за очекување е сите да застанат позади нивните зборови за Охридскиот рамковен договор и секој од својата позиција доследно и темелно да го спроведува. Пратениците во парламентот, министрите во владата, судиите во судовите, новинарите во медиумите.

Никица Корубин
Во пресрет на 17-годишнината од потпишувањето на декларацијата за стратешко партнерство со САД во 2008 година, кое традиционално и свечено се одбележува секоја година, да се потсетиме на некои клучни елементи, кои се однесуваат на поддршката на САД на “мултиетничка Македонија во нејзините постојни граници” која како “демократска, безбедна, просперитетна држава е од витално значење за мирот и стабилноста во југоисточна Европа”:
“Соединетите Американски Држави и Македонија ја потврдуваат својата поддршка за принципите на суверенитет и територијален интегритет на државите, целите и принципите на Повелбата на ОН и унитарна, мултиетничка Македонија во нејзините постојни граници.
Македонија и САД забележуваат дека демократска, безбедна и просперитетна Македонија, со пријателски и конструктивни односи со соседите и како активен учесник во регионалните и меѓународните економски, политички и безбедносни форуми, е од витално значење за мирот и стабилноста во Југоисточна Европа.” – Декларација за стратешко партнерство и соработка помеѓу САД и Република Македонија, Вашингтон 7 мај, 2008 година
Иако, додека ја дочекаме годишнината на 7-ми мај, заедничката прослава на мултиетничкиот карактер, може да биде нарушена со исходот на одлуката на уставниот суд во однос на еден од темелите на уставниот гарант на мултиетничноста – Охридскиот рамковен договор – па, после укинувањето на алатката на балансерот, кое доследно и темелно се применува во администрацијата, да биде надополнета со можно укинување на Законот за употребата на јазиците, па да се заокружи со главниот механизам – “Бадентеровото мнозинство”.
До 7-ми мај, овој дел од стратешкото партнерство ќе го почитуваме, таман толку, колку што овие речиси две децении го почитуваме и споменуваме стратешкото партнерство со САД. Никако.
Па, последователно, бидејќи делата треба да ги следат зборовите, и бидејќи стратешкото партнерство со САД, кое всушност се темели на конкретната декларација, но и на низа нивни извршни одлуки за доследно почитување и трајно имплементирање на Охридскиот рамковен договор; за очекување е сите верни про-САД поддржувачи, независно од улогата која ја имаат во општеството (аналитичари, новинари, професори) или избрана или именувана функција која ја извршуваат (пратеници, министри, судии) во целост да се усогласат со декларацијата и на никој начин да не ја поддриваат.
И бидејќи јавно за заштитата на Охридскиот рамковен договор и за неговата егзистенцијална улога за опстанокот и функционалноста на Северна Македонија, со речникот на стратешкото партнерство со САД, на политичката сцена говори само политичката партија ДУИ – за очекување е сите да застанат позади нивните зборови за Охридскиот рамковен договор и секој од својата позиција доследно и темелно да го спроведува. Пратениците во парламентот, министрите во владата, судиите во судовите, новинарите во медиумите.
Тоа што во изминативе неколку месеци, се напишани десетици новинарски текстови, изречени стотици аналитички зборови, изнесени илјадници партиско/политички пресуди за сатанизација, дискредитација и дисквалификација на еден политички субјект, кој на дело, а не само декларативно на зборови се придржува до стратешкото партнерство во САД – нека не ве збунува – во однос на посветеноста и доследност на сите овие про-САД активности.
Речиси од збор до збор – направеното се разликува од кажаното – и поважно, се разликува од напишаното и прифатеното во декларацијата за статешкото партнерство со САД. Кое се чини, ефективно го има третманот на сите клучни договори на нашата држава, клучни за нас како општество и граѓани. Релативизирање и негирање.
И затоа, за очекување е во согласност со стратешкото партнерство со САД, за “мултиетничка Македонија” да остане “демократска, безбедна и просперитетна држава”, која е од “витално значење за мирот и стабилноста во југоисточна Европа”, уставниот суд да ја затвори, наменски отворената приказна за нарушување на Охридскиот рамковен договор, со отфрлање на сите иницијативи за Законот за употреба на јазиците, да ја поништи одлуката за укинување на балансерот и во никоја форма да не го доведува во прашање “Бадентеровото мнозинство” и правото на искажување на етничката припадност. Па, нели се штити уставот и стратешкото партнерство со САД?
За очекување е и оние од политичката сцена, медиумската и општествената сцена, кои го штитат Охридскиот рамковен договор и стратешкото партнерство со САД – политичкиот субјект ДУИ – или било кој друг – да не бидат изложени на јавен линч, поради своите заложби за заштита на уставот и стратешкото партнерство со САД.
И секако, за очекување е актуелните носители на јавни функции – кои уставно и законски – се избрани и именувани за управување со државата и заштита на уставниот поредок, доследно да го почитуваат, штитат и применуваат Охридскиот рамковен договор, и сите останати договори (Преспанскиот договор, Договорот со Бугарија) зад кои стои стратешкиот партнер САД.
И Северна Македонија да биде “демократска, безбедна и просперитетна држава со пријателски и конструктивни односи со соседите”, со зборовите на декларацијата за стратешкото партнерство со САД. Значи уставни измени веднаш, и отпочнување на преговорите со ЕУ. Од зборови на дела. Практична примена на вредностие на кои се темели стратешкото партнерство со САД, локално, регионално и европски.
Од Фејбук ѕидот на авторката 
Никица Корубин
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.