Mакедонскиот состав „Стринг форсис“ го најавува своето ново аудио и видео издание. Се работи за темата „Причина-предумисла“, која е истовремено и нивни прв сингл од новиот албум во изработка.
Премиерата на спотот ќе се одржи во четврток во клубот Менада, со почеток во 21 часот.
Покрај премиерното прикажување на видеозаписот, на промоцијата ќе биде претставена и екипата што работеше на него, а тапанарот на Стринг форсис, Лазар Дарковски ќе има свој диџеј-настап „A Lazarus Taxon“ во посебно издание за оваа прилика.