Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стручен колегиум на Државна кардиохирургија: Министерот Демири лиферува лаги и шпекулации

0
By Zoran Ivanov on May 31, 2024 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 Стручниот колегиум од ЈЗУ УК за државна кардиохирургија денеска во реакција на синоќешната изјава на министерот за здравство Илир Демири во емисија на ТВ „Телма“  оценува дека тој „лиферувал безброј лаги, шпекулации и невистини во врска со долгогодишното работење на Клиниката за кардиохирургија“.

Демири во гостувањето демантирапе дека е политичка пресметка разрешувањето на директорот на Државната кардиохирургија и рече дека таму ситуацијата е многу сериозна и оти треба да се донесе квалитетен експерт од странство кој ќе ги едуцира младите кадри.

Дали е целта да се направи дефокусирање на јавноста од вистинските проблеми во здравството, со што се доведуваат во општа опасност животот и здравјето на граѓаните на Република Северна Македонија? Имено, командната одговорност за нефункционирањето на хируршкиот блок на Клиничкиот центар, кој претставува срцето на здравствениот систем, е во рацете на човекот, за чија стручност и професионалност сите беа информирани, кога како раководител на Ковид-центарот во време на пандемија, Македонија заврши на неславното четврто место во Европа и шесто место во светот по бројот на смртни случаи, наведуваат од стручниот колегиум во реакцијата.

Зарем на овој човек, прашуваат оттаму, „ќе му се дозволи со давање паушални и своеволни субјективни судови, со кои ги доведува во прашање стручноста, капацитетот и многугодишното образование на малкумината специјалисти кои пожртвувано, свесно и одговорно го даваат и последниот атом од својата сила, за да им помогнат и да ги лекуваат најтешките случаи за кои навидум нема спас, притоа запоставувајќи ги своите семејства, своето здравје и жртвувајќи го своето слободно време, да предизвика непоправлива штета?“

Според соопштението, „со злоупотреба на својата позиција како министер, се служи со секакви методи познати во некои други општествени уредувања за да дисциплинира исклучителни професионалци“.

Од Клиниката велат дека тој го доведува во прашање кредибилитетот на образовниот систем, Медицинскиот факултет и на сите професионални здруженија на лекари.

Ја напаѓа програмата на Владата за кардиоваскуларни болести, преку која во нашата институција дошле да ги споделат своите искуства врвни професионалци, како професор Омер Џемаили, кој е сега директор на Одделот за кардиохирургија во Цирих, Швајцарија, доктор Петар Ристевски кој е негов заменик, професор Светозар Путник, директор на Клиниката за кардиохирургија во Универзитетската клиничка болница во Белград, професор Слободан Мичовиќ, директор на Институтот за кардиоваскуларни заболувања – Дедиње во Белград, професор Иван Кнежевиќ, директор на хируршки блок при КБЦ – Љубљана, професор Марек Ерлих, шеф на Универзитетската клиника АКХ во Виена, професор Теодосиј Биздас, врвен експерт во ендоваскуларната хирургија од реномираниот центар Оназис во Атина. Судејќи според неговата стручност и експертиза, се сомневаме дека воопшто слушнал за овие центри и нивните достигнувања, пишува во соопштението.

Според стручниот колегиум на Клиниката, „очигледно мотивиран од други цели, спротивни на хуманоста, грижата за здравјето и животот на граѓаните, а опкружен со луѓе кои се наоѓаат на дното на стручноста и професионалноста, неговиот порив е да се предизвика неповторлива штета на јавното здравство со непромислените и невистинити изјави, како и дејствија планирани во јавноста“.

Уште еднаш повикуваме релевантните институции задолжени за заштита на законитоста, животот и здравјето на граѓаните, да реагираат согласно нивната надлежност. Го повикуваме целиот еснаф, министерствата за здравство и образование, каде има сѐ уште професионалци кои си ја знаат својата работа. Истовремено, го повикуваме Медицинскиот факултет при УКИМ, директно нападнат со овие наводи, да излезат и да се произнесат. Неговите закани кои секојдневно ги слушаме во јавноста, нема да нѐ поколебаат да ја докажеме вистината, да го одбраниме професионалниот и одговорен однос, се додава во соопштението.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.