Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Струмица: Центар за деца со посебни потреби почна со работа без дефектолог

0
By Томе Христов on July 4, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Долго најавуваниот Дневен центар за деца со посебни потреби од денеска официјално почнува со работа, но без дефектолог и логопед. Во него ќе престојуваат осум деца, со Даунов синдром, аутизам и со комбинирани пречки во развојот. Првично со децата ќе работат тројца волонтери – психолог, социолог и социјален работник.

Директорот на Меѓуопштински центар за социјална работа Струмица, Кирил Поп Трајков, истакна дека во иднина ќе се обезбеди дефектолог и медицинско лице, но тоа е должност на локалната самоуправа. Според неговите сознанија, Министерството за труд и социјална работа поднело барање до локалната самоуправа пред еден месец, но оттаму одговор нема.

Од општина Струмица демантираат дека такво писмено барање кај нив до денеска нема стигнато, иако како што велат од нивна страна постои добра волја за соработка.

Директорот Поп Трајков додаде дека за почеток условите за децата и персоналот кој ќе волонтира се задоволителни.

„Овие деца го добија вториот дом кој веќе неколку денови функционира, во кој ќе има анимација од страна на волонтерите од Центарот за социјални работи. Условите се идеални и децата во неколку часа што ќе престојуваат , ќе го добијат сето тоа што им е потребно“, рече Кирил Поп Трајков.

На новинарско прашање за тоа со кои критериуми и според каква класификација се избрани овие деца, Поп Трајков рече дека тоа е извршено според категоријата, наодот и мислење и истакна дека има правилник кои деца можат да бидат сместени. Точната бројка на деца со посебни потреби која е многу поголема, директорот не ја кажа, но истакна дека во иднина ќе може да бидат примени уште деца, бидејќи капацитетот на центарот може да брои 15 деца. За останатите од другите населени места во струмичкиот регион според него, главен проблем претставувал превозот.

Родителите на децата кои ќе престојуваат во Дневниот центар сметаат дека таков центар е потребен, но не го исклучуваат фактот дека основното нешто е со дечињата да има стручно лице дефектолог, како и медицинско лице. Според нив, клучен фактор е и самите родители да бидат вклучени во центарот.

НОВА разговараше и со родител на дете со комбинирани пречки во развојот кој, како што кажа, воопшто не бил запознаен дека центарот е отворен.

„Многу време го чекавме, но нас никој не нема прашано за нашето дете да престојува во Дневниот центар. Нашето дете оди во основното училиште во Ново Село, а јас уште во понеделник ќе прашам кои услови треба да ги исполнуваме за да биде прифатено“, рече Борче Пусев.

Тој додаде дека за тие деца мора да има стручен тим и дека дефектологот и логопедот се појдовна точка за работа со тие деца.

Во разговор со родителите на децата со посебни потреби, бидејќи директорот Поп Трајков не кажа колкава е бројката на истите во струмичкиот регион, рекоа дека има над 70 деца. За денеска беше најавена и посета на Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, но тој не дојде.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025
ФОКУС

The Times of Israel:  Планот на Трамп за Газа – Израел ќе ја повлече војската и Палестинците нема да бидат раселени

СВЕТ September 27, 2025

Соединетите Американски Држави им презентираа на неколку арапски и муслимански лидери нацрт-план од 21 точка,…

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

September 26, 2025

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.