НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Струмица: И пред продавница не седат ако се од различни партии

0
By Томе Христов on September 5, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Законот за спречување и заштита од дискриминација теоретски овозможува еднаквост на граѓаните, но во пракса постои се поголема поделба и нерамноправност во сите пори на општеството. Нееднаквоста е се поизразена по повеќе основи:, политичка, верска, социјален статус, а неретко и по основ на ментална и телесна попреченост. Таков е случајот и со малата Верче од Струмица која боледува од Даунов синдром.


Малата Верче

„Доживеав нешто што не може да се опише со зборови, моето дете повторно беше дискриминирано. Едно утро вратата на занималната во градинка ни беше затворена и воспитувачката не дозволи Верче да влезе со останатите деца внатре. Мојата суета беше длабоко повредена, но сето ова ме прави посилна да се борам за неа, како што би направила секоја мајка. Изговорот на воспитувачката беше дека таа не може да се грижи за неа, а јас што сакам да правам и да сум се жалела каде сакам,“ раскажува Анче Туфакчиева, мајка на Верче која е дете со Даунов синдром.

Ваквата реакција следувала откако таа сакала да ја однесе Верче во градинка заедно со сите дечиња да се социјализира. По неколку обиди Верче денеска оди во општина Ново село во Посебното основно училиште заедно со нејзините врсници.

За случаи на дискриминација потврда доаѓа и од канцеларијата на Народниот правобранител во Струмица. Од таму ни рекоа дека се поголем број на граѓани се обраќаат и поднесуваат претставки. Причината, велат, е можеби и поради фактот што информираноста на луѓето се зголемува и повеќето знаат каде треба да се обратат за своите права.

Од вкупно 113 претставки за периодот од јануари до септември годинава најмногу се во областа правосудство, додека има и две претставки за дискриминација, како и четири за полициски постапки.

Заменик Народниот правобранител во Струмица, Славчо Тимов, вели дека граѓаните најмногу се жалат заради застарени долгови, комунални сметки, сметки за радиодифузија, но и во делот на денационализацијата, како и кај урбанистичките објекти за кои тој лично смета дека се работи селективно, односно дека постои дискриминација.

„Во двата случаи на дискриминација се работи за претставки по етничка припадност, и за истите е утврдено дека постои дискриминација“, вели за НОВА Тимов.

Жителите на Струмица жртви на политички реваншизам

Поделбата и селективноста ја почувствуваа не само физичките туку и правните лица овој летен период во градот под Царевите кули, во екот на културно забавните случувања. Затворање на кафулиња, барови и продавници, беа мета на инспекциските и полициски контроли. Барем вакви обвинувања на адреса на власта пристигаат од општинскиот огранок на СДСМ во Струмица.

„Власта сака да ги казни струмичани. Тоа е повеќе од јасно. ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека општина Струмица е најразвиената и најуспешната општина во источна Македонија, без трошка помош од централната власт. Собирањето арач, астрономски казни и затворање на фирми по секоја цена мора да заврши. Оваа репресија, ова измачување на сопствениот народ мора да престане“, изјави неодамна претседателот на ОО СДСМ Струмица, Марјан Даскаловски. “

Политичка поделба во сите сфери на општественото живеење

Жителите на Струмица се жалат дека политиката е навлезена во сите сфери на општеството долги години наназад, пред се „благодарение“ на политичарите. За секоја одлука, без разлика дали се работи од интерес на граѓаните или не, потребно е политичка определба, сметаат граѓаните.

„Поделби постојат и ќе постојат, а дојде време и двајца браќа да не си зборуваат заради тоа што припаѓаат или се симпатизери на две различни партии“, раскажува Ратко Момчилов, пензионер од последното населено место Владевци, на излезот од Струмица кон Радовиш.

Селото Владевци брои околу 170 куќи, а жителите претежно опстојуваат работејќи земјоделски работи. Дедо Ратко вели „не ми се зборува за ваква тема, оти во денешно време се може да ти наштети, но ќе ја кажам вистината“.

„Луѓето во нашето село не седат ниту заедно, бидејќи ако седнат, ќе се испокараат. Брат со брат не разговара. Се е поделено. Луѓето кои припаѓаат на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се како овци и кози, тие меѓусебно не се поднесуваат. Жално е тоа што се поделени и младите, дури и децата во училиштето. Сето ова го направија политичарите, ги поделија луѓето, а тие пак заедно ќе си седната на маса и ќе си се договорат. Штетата ја трпат само граѓаните“, вели Ратко Момчилов, пензионер од село Владевци.

Го оставивме под сенката да го помине денот, но на испраќање ни рече: „каде и да одите сликата е иста, и по селата и по градовите“.

Отидовме и до Василево, пред продавницата на почетокот на селото, каде ги затекнавме тамошните жители криејќи се од топлото сонце. Меѓу нив беше и Илчо Василев, видно расположен за разговор. Несфатлива е сегашната состојба на поделеност меѓу народот, но реалноста е таа, ни рече Василев.

„Браќа се испокараа заради политиката. Поделбата е изразена веќе 15 години. Припадниците на двете најголеми партии пред продавница во селото седат на различни страни, оти ако седнат заедно ќе се скараат. Во нашето село имаше дури и тепачка меѓу различните страни, меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Политичарите придонесуваат за ваквата состојба – велат овие се наши, оние се нивни. Зошто го делат народот? Сега веќе и не разговараме едни со други. Мислевме дека по 15 години ваквата состојба ќе биде надмината, но со оглед на тоа каков менталитет сме, ќе трае и 30 години“, вели Илчо Василев.

Оние од соседната страна кои се подготвуваа за земјоделските обврски по своите ниви, велат дека најважно им е да има пласман и добри цени на производството, бидејќи од тоа живеат, а политиката да си остане на политичарите.

Состојбата на терен и во градот под Царевите кули говори дека се уште постои поделба и дека истата е се поизразена. Жител на Струмица кој сакаше да остане анонимен, вели не може да нема поделба кога за секое работно место мора да имаш партиска книшка. Според него, политичарите се најголеми виновници затоа што, како што вели, ја наметнаа политиката во секој дом.

Прашавме и некои кои сакаа да го кажат својот став, не плашејќи се да го сокријат своето име и презиме.

„Актуелната власт направи фамилии да не сакаат да се погледнат во очи. Груевски придонесе народот меѓусебно да не се поднесува поради припадноста на различни партии. До каде ќе оди ова лудило, не ми е јасно. Ми се чини дека поради тоа дури луѓето и ќе почнат да се тепаат меѓусебно. Страшно! Повеќе не се гледа на карактерот на луѓето, дали некој ти одговара за пријател или не според неговите лични карактеристики, туку само дали е припадник на партијата на која си симпатизер или член. Поделбата постои секаде, во роднински, пријателски врски, на работа, меѓу соседи…буквално насекаде“, вели Катарина Митева од Струмица.

„Политичката поделба меѓу луѓето во последните 5-6 години ја достигна својата кулминација. Можеби и претходно постоеше поделба, но никогаш до овој степен. Сега се е поделено, пријатели, роднини, колеги…Сите се „наши“ и „ваши“, „патриоти“ и „предавници“.

Една пријателка, од друг град, не од Струмица, ми кажуваше дека дури и венчавка меѓу двајца млади била откажана, затоа што фамилиите им припаѓале на различни политички партии, односно на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Ужасно е тоа што се случува во последните години, роднини се мразат поради политиката“, вели Катарина од Струмица.
Власта ги дискриминира социјалците и земјоделците

Општина Струмица долги години доделува еднократна парична помош на социјално загрозени категории на граѓани( сиромашни и болни лица), по однапред поднесено барање. Голем број луѓе поради ова го загубија правото на остварување на социјална помош од Центарот за социјални работи, со образложение дека оствариле дополнителни приходи. За селективност обвинуваат и од Синдикатот на земјоделци во Струмица. Од таму велат дека субвенциите се доделуваат селективно.

„Како може на некои земјоделци да се доделат во точно одреден датум, а на членови на здружението до денеска да не ни бидат исплатени. Субвенции се даваа и вчера, но ние повторно не добивме ништо, доколку во скоро време не ни бидат исплатени планираме да организираме протест“, вели Ристо Велков, претседател на синдикатот на земјоделци во струмичкиот регион.

Политичката ориентација на советниците влијае врз носењето одлуки

Не е многу поразлична сликата и со политичарите. Советниците треба да носат одлуки во интерес на граѓаните. Но, и кај нив политичката ориентација влијае понекогаш врз битните одлуки за граѓаните.

Институциите се во рацете на централната власт, а со тоа советниците ги застапуваат одлуките на партијата, смета Катарина Кузмановска, советник во општина Струмица од редовите на СДСМ.

„Политичката ориентација влијае и кога се носат одредени одлуки во Советот, секоја група си зазема став и се чувствува влијанието од страна на партијата, додека во разговор сите заедно надвор од Советот, или кога се работи за интересот на граѓаните, ги надминуваме партиските влијанија“, вели Кузмановска.

Седница на Советот на општина Струмица
Таа додава дека за разлика од сегашниот состав на советници, во претходниот мандат не се чувствувале таквите наметнувања од страна на политичката определеност.
Сегашниот претседател на Советот на Струмица, Јоже Христов, смета дека политичката ориентација не влијае кога се работи за интересот на граѓаните на општина Струмица.

„Можеби се судруваме кога се работи за други интереси, кога станува збор за буџетските средства или некои други одлуки каде имаме различни ставови, но сметам дека тоа е демократија. Исто така, не сум почувствувал некаква политичка поделба и кога сме надвор од седниците, додека меѓу граѓаните се чувствува политичката поделба, а посебно е изразена во последните три години“, вели Христов.

Советникот и координатор од редовите на ВМРО-ДПМНЕ , Зоран Пакетов, пак смета дека во секојдневието луѓето се помалку се делат партиски.

„Секогаш имало одредени групи кои се поделени и такви ќе има и понатаму, но сметам дека се помал е бројот на оние кои се поделени по партиска основа. Состојбата е таква и меѓу нас советниците. Во Советот на општина Струмица не влијае политичката ориентација кога се работи за носење одлуки кои се значајни за жителите на Струмица“, вели Пакетов.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025

Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“

August 20, 2025

Авиокомпанијата „Луфтханза“ ќе ги одржува летовите Скопје – Франкфурт цела зимска сезона

August 20, 2025

Во Шпанија над илјада смртни случаи поради жештините

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.