Студено утро ширум земјава, а така ќе биде и следните неколку денови. Утрата ќе бидат многу студени, насекаде со минимални температури под нулата, особено денес и утре кога на места ќе се спуштаат под -10 степени.
Утрово било најстудено на Попова шапка каде што се измерени – 16 степени. Во Маврово минусот бил 12 а 11 во Крушево.
Охрид и Битола се разбудиле со температури од – 6 додека Скопје и Гевгелија со -2 степени.
Денес ќе биде студено со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец.
Утре утрото ќе биде многу студено, а преку денот претежно сончево со слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец.