Како Министерството за здравство започна да се меша во ингеренциите на Медицинскиот факултет и ги стави под контрола и студентите и специјализантите. Зошто новите законски решенија и реформи се погубни за студентите на медицина. Дали казните или стимулативните мерки се пресудни во работата на лекарите. Зошто младите лекари си заминуваат од Македонија.
На оваа тема во ПРОЦЕС разговараме со Харис Бабачиќ студент на медицина и член на Студентски пленум и Ненад Лазаров лекар специјализант и претседател на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари.