Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Студентскиот протест – будење на реалноста

0
By Нова ТВ on December 9, 2014 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Автор: Лина Ќостарова-Унковска

Студентскиот марш од 17-ти ноември подеднакво ги изненади сите паметни и помалку паметни глави, во нашава мала државичка. Први, најгласни и најбројни се чини беа поддржувачите, кои едвај дочекаа да воскликнат БРАВО, врз своите фрустрации на веќе одомаќените им апатија, игноранција и немоќ. Веднаш потоа се појавија неверниците, со отворен сомнеж во студентската победа над режимот, или во автентичноста на студентскиот протест, сеедно. Ги имаше многу и со „пријателски“ совети, за тајмингот и начинот, за добрите страни на „екстерното“, и слични тралалајќи. Во меѓувреме, мегафоните на власта, стануваа се погласни, поизобличени и потрагични, како наближува денот Д на повторното појавување на студентите на нашите улици.

Сепак, најмногу изненади Премиерот, кој во повеќе наврати, на сите нему блиски телевизии, отворено и промптно ги испорача манипултативно-коруптивните решенија – прво, до студентите, да се повлечат, екстерното нив немало да ги снајде, а потоа и до професорите, дека тие овојпат немало да бидат вреднувани, да не случајно решат да застанат зад студентите.

Од морето медиумски реакции, интересно е да се издвои разговорот со двата универзитетски професори Ацевски и Спасов, во „24 Анализа“, кој ќе го покаже сосема разголено, амбиентот во кој се образуваат младите на нашите високи школи. Нивната затеченост со настанот, ставот на незамерување и лажна колегијалност, заедно со професорското моралистичко вреднување на студентските иницијативи, ќе ја заокружи сликата за периферната позиција на студентот во неговиот втор дом, Универзитетот.

Уважените професори не се ни осврнаа на правото на студентите да ја поместат, макар за малку, границата на сопствената позиција на (не)слободи во одлучувањето за себе и за сопствениот образовен простор.

Сосема несвесни, дека токму тој медиокритетски амбиент на лажна загриженост, морализаторско подучување и недоверба кон младите, поткрепени со мноштвото контроверзни закони, со игноранството, со казнените политики и коруптивните практики, втемелени во нашиот образовен систем, кои токму од нив, универзитетските професори се масовно премолчувани и остварувани – дека токму таквиот амбиент најмногу им служи на самоповиканите креатори на ткн. образовни реформи, кои, во името на квалитетот, замислете, го негираат и анатемизираат секој обид за слободоумно и демократско одлучување, во високото образование.

И сега, „државниот испит“ на сите еднаш положени предмети, на секои две години, со неограничен број на полагања и со најниска прооднос (оценка 6), ќе го разрешел овој коруптивно-автократски јазол, и ќе го подобрел квалитетот на знаењата на нашите млади. За чии и какви знаења, тука воопшто може да стане збор?

И токму затоа студентскиот бунт е значаен – затоа што го разобличува не само општествениот понижувачки однос кон младите, туку и гнилежот на нашиот воспитно-образовен систем низ кој таквиот однос со години се негува и гради, во нашите училишта и факултети, каде што, вон секоја реалност, вон секое право, и хуманост, и вон елементарна фактичка логика и заснованост се едуцираат и воспитуваат денес младите, во Македонија. Студентските права отсекогаш биле споредна тема на нашите универзитети, но непростиво е што до ден денес, и во највисоките (квази)академски кругови, се смета дека тие прво треба да се заслужат, за да можат да се уживаат. Затоа се овие протести важни. За конечно расчистување со таквите, извитоперени флоскули.

Студентскиот протест е одличен повод да ги вклучиме мозоците, и да видиме што е тоа што ја прави големата слика? Да видиме, како со години наназад, упорно и континуирано, а сега веќе и институционално, им го одземаме на младите полето на нивното учество, деградирајќи ги нивните позиции, улоги, способности и таленти.

До таму што тие и реално, се помалку имаат шанса да се видат себеси поинакви и надвор од зададениот образец на научена беспомошност и зависност, што ние сме им го поставиле. Не ги научивме да се борат за поправеден свет, сметајќи дека во животот полн со неправди полесно ќе се снајдат ако станат пресметливи, бесчувствителни, и манипулативни. И дека само со лаги и измами, и со сила, можат да победат.

Од неодамна организирано и институционално, со пакетот образовни мерки и содржини, испорачани преку училиштата, почнавме да ги учиме и на лојалност, послушност и стравопочит кон посилниот. И тоа е се што имаме да им оставиме во наследство, за жал и за срамота. Зарем пораката на Премиерот, не е токму тоа, дека студентите залудно се замараат и си го трошат времето за нешто што и не се однесува на нив, туку на некои други, таму после?

Токму тоа, пресметката со тоа наследство на беспомошност, безидејност и маргинализација, а не фамозниот „државен испит“, е главната цел на нивниот револт, денес. И тоа е нивната, а НЕ наша пресметка, да не заборавиме. Тоа е нивна пресметка со сите нас, а не преку нас со владеачките структури.

Нивниот најголем предизвик во моментот е КАКО во ваква заедница, со вакво наследство и осакатени знаења, во кои немале ниту едно поле за одлучување за себе и за своите животи – ни во домот, ни во училиштето, ни во изборот на професијата, ниту при вработувањето, ниту во планирањето на иднината… Како во една таква, лажно-безбедна заедница, со накалемени, извитоперени вредности, во која е се условно зададено и пропишано, КАКО со таков недостиг на автентични лични искуства, од кои единствено и може да се учи и научи за животот, и за себе, да се исчекори и да се извојува победата?

До сега, Студентскиот пленум, со својата транспарентност, со своите недвосмислени соопштенија до најшироката јавност, и до сите членови на заедницата, без исклучувања и поделби, покажа дека умее да го задржи курсот на автентичност и зрелост. Се појави на хоризонтот, одлучно и определено, а потоа отворено и директно им одговори на лагите, заканите и манипулациите, кои доаѓаа од сите центри на моќ, но и од многу поширокиот круг, од сите нас.

Останува да го препознаеме нивниот потенцијал. Но, тоа ќе се случи само тогаш кога подигнатиот студентски глас ќе го сфатиме не како победа, туку како шамар и жестоко предупредување, упатено до целата заедница. Предупредување, да престанеме со својот моралистичко-заштитнички занес, со однапред спакуваните решенија и „добрите“ намери, со недовербата кон нивниот кредибилитет да се организираат и да изградат поинаков свет за себе.

Сите ние кои гракаме за слободите и за демократските принципи, за правото на учество и дијалог, а самите никаде не ги практикуваме, и не сме им покажале дека ги владееме.
Во такви услови и амбиент, исклучително е тешка и неизвесна борбата на студентите за освестување, па дури потоа и за остварување на сопствените права. И таа до крај мора да остане нивна. Тоа што ние, возрасните можеме да направиме за да ги поддржиме, е да не дозволиме инструментализација на нивните иницијативи и обиди за промени. За почеток, мислам дека е сосема доволно, со масовно и подредено присуство, да покажеме дека сме вистински со нив. И тоа не е малку.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.