Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Студентските домови ќе рециклираат пластика

0
By НОВА ТВ Balaban on April 27, 2022 ВЕСТИ, РЕПУБЛИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со покажување на картичката, студентот става шише во отворот на машината, а зависно од  големината, на неговата сметка се префрлаат 0,5 денар или 1,5 денари 

Државниот студентски дом – „Скопје“ набави машини за рециклирање на пластика наменета за студентите кои престојуваат во студентските домови со цел редуцирање на отпадот, подигнување на свеста за рециклирање и зачувување на животната средина. Покрај глобалната придобивка – зачувување на животната средина и зацврстување на навиките за рециклирање, со студентската картичка тие ќе можат да вршат и т.н. „поврат на средства“. Средствата ќе се враќаат на студентското салдо со секое рециклирано пластично шише и алуминиумска амбалажа.

На овој начин, престојот и храната во студентските домови се намалува, но следат и други низа поволности. Студентите кои ќе ја имаат оваа картичка ќе можат да пазаруваат во други објекти со попуст, а се подготвува и продлабочување на мрежата каде сè ќе може да се користи оваа картичка. Освен  студентите во домовите, ќе можат да рециклираат и вработените во истите.

“Набавката на машините за рециклирање исто така ќе допринесе на долг рок кон подобрување на условите на Студентските домови, што е во рамките на нашата мисија – студентот да има пристојни услови за учење и творењe.” – изјави Виктор Велевски, директор на Студентските Домови „Скопје“

Велевски денеска презентираше како се користат вендинг-машините.

Со покажување на картичката, студентот става шише во отворот на машината, а, зависно од  големината, на неговата сметка се префрлаат 0,5 денар или 1,5 денари.

Со таа картичка добиваат и попусти во студентското бифе.

Студентските домови на овој начин демонстрираат претприемништво и се добар пример за сите институции да почнат размислуваат “надвор од кутијата”. Менаџментот на Студентските домови досега успеа да најде начин за алтернативни приходи, а со тоа и да се самофинансира, а со тоа да обнови дел од капацитетите на домовите.

Студентските домови ќе рециклираат шише
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.