Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судбината на комисијата за 24 Декември неизвесна

0
By Сашка Цветковска on July 19, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Спротиставени мислења доаѓаат од редовите на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ во однос на иднината на работата на Комисијата за расветлување на настание во Парламентот од 24 Декември. За СДСМ, Комисијата не може да продолжи да работи да работи без претседател, додека за ВМРО ДПМНЕ оваа опција е можна и отворена.

— Нема основа да работиме без претседател, таа е правно заснована како целина еден акт и брои пет члена, рече професорот Љубомир Фрчковски, член на Комисијата делегиран од страна на СДСМ

Другиот член на комисијата од ВМРО ДПМНЕ, Илија Димовски вели дека нема пречки работата да продолжи и без претседател имајќи во предвид дека и, сега веќе претседателот во оставка, Борче Давитковски се сложил да стави потпис на изештајот ако двете страни во меѓувреме се договорат.

– Вчера вечерта беше остварен и телефонски повик помеѓу претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски и претседателот на СДСМ Зоран Заев и беше договорено јас и Фрчковски да контактираме во име на двете страни и во наредните денови да договориме како ќе продолжиме. Комисијата може да продолжи со работа ако има политичка волја од двете страни, рече Димовски.

Но, несогласувањата не запираат само околу можноста работата да продолжи. Како што рече и Давитковски, тој комисијата ја напуштил поради несогласувањата помеѓу членовите околу заклучоците и препораките.

За СДСМ е неприфатливо да не расправа за уставноста на чинот на исфрлањето на пратениците и новинарите од Парламентот.

-Не станува збор за наши мислења против нивни мислења, туку се работи за отсуство на политичка волја Комисијата да влезе во остварување на дел од нејзиниот мандат, врз основа на мартовскиот договор. Тоа е делот каде што се обврзува комисијата да расправа за уставноста на настаните. Всушност, одбивањето за расправање по однос на уставноста е клучниот, главниот проблем кој ја блокира Комисијата, вели Фрчковски.

За ВМРО ДПМНЕ пак, извештајот е многу добар и содржи одлични препораки и заклучоци.

– Тие велат дека била нарушена уставноста, ние на блокирањето гледаме како на своевиден државен удар за превземање на парламентот, рече Димовски.

Давитковски засега останува на својата одлука за оставка иако најавува дека во случај на компромис помеѓу двете партии тој ќе го потпише извештајот.

-Ако се согласат за правните квалификации, за препораките, ако најдат заедничко решение, јас веднаш со две раце би потпишал. Тоа беше и мојата идеја, да најдам некој разумен компромис или евентуално балансирани квалификации, балансирани препораки во интерес на државата, изјави Давитковски

Како и дали комисијата, која произлезе како резултат на мартовски договор реализиран под притисок и покровотелство на Европската Унија, ќе се справи со предизвиците останува да се види во наредните денови, за кога и ДПНЕ најави дека ќе чека одговор до СДСМ за нивниот предлог да проложат со работа без претседател. Единствената работа околу која се согласија и двете партии е дека „извештајот бил хронолошки, добро изработен и имал добри препораки и заклучоци“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.