По седум години откако сексуалните работнички поднесоа тужба, Граѓанскиот суд утврди дека Основен суд 1 постапил неправилно, а МВР ги повредила нивните права со нехуманото постапување во случајот „Сузбивање на уличната проституција“, кога 23 од нив беа спектакуларно уапсени и држени 20 часа во полициска станица.
За тоа како се разгоре говорот на омраза, за значењето на пресудата од која ќе учат идните правници, разговараме со Наташа Бошковска и Хајди Штерјова Симоновиќ, правни советнички во ХОПС.