Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судовите во Повардарието „обезглавени“, Судски совет не избира претседатели

0
By on November 10, 2012 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новинар: Саше Димовски

Судовите во Велес, Неготино, Кавадарци и Гевгелија речиси 10 месеци немаат претседтели, а Судскиот совет кој требаше да ги избере уште во март оваа година, не закажува седница за избор.

Ваквата состојба трае од почетокот на годинава, кога завршија мандатите на претседтелите на судовите избрани во 2010 година и беа распишани огласи за избор на нови.

На огласите, имаше пријавено по најмалку двајца кандидати за судовите во Гевгелија, Неготино, Кавадарци или тројца во Велес, но и покрај пријавени кандидати и завршени интервју, се уште нема направено избор.

-Ние уште пролетта бевме на интервју, ја презентиравме програмата, Судскиот совет не прашуваше за тоа што мислиме да промениме во судовите, за тоа дали е доволен сегашниот број на судии, финансиските средства. Интервјуата, во зависност од бројот на прашања траеја од половина до еден час- објаснува за НОВА судија, од еден од судовите кој е кандидат за претседaтел.

Во првата половина на март, кога беа истечени мандатите на претходните претседатели, судскиот совет именуваше в.д. претседатели од редот на судиите кои не конкурирале за претседтел. На некои од позициите беа поставени луѓе за кои Судскиот совет претходно разгледувал дали да поведе постапка за разрешување или ги одбивал кога конкурирале за позиции во повисоки судови.

Во меѓувреме, во судовите во Повардарието се намали бројот на судиите, кои заминаа во пензија, беа разрешени или времено се отстранети од функцијата поради водење на судски постапки.

Судот во Велес на пример, во последната година работи без тројца судии, кои се надвор од судот по разни основи, а по 1-2 заминаа и од судовите во Кавадарци, Неготино и Гевгелија.

Со одлука на Судскиот совет, судијка од Неготино е распоредена да суди прекршочни предмети во Скопје, во прекршочниот оддел на Основниот суд Скопје 1, на местото на судиите кои беа уапсени пред два месеци.

На местото на преместената судијка, во Неготино од минатат недела делегирана е да суди судијка од судот во Кавадарци.

Во Гевгелија за претседтел има двајца кандидати, од кои едниот со 62 години не исполнува услов да добие нов мандат поради краткиот рок од две години до пензионирање.

И додека Судски совет еднаш направи обид да ги стави на дневен ред изборите за претседатели во трите судови во Повардарието, судот во Велес воопшто не беше ставен на дневен ред, од засега „непознати причини“.

Ваквата слика во Велес се повторува речиси 8 години наназад, кога претседател избираа по неколку повторени избори, од втор или трет пат.

НОВА во текот на денешниот ден контактираше со Судскиот совет, од каде што не можеа да ни дадат информација, дали до крајот на годинава може да се очекува да има седница за избор на претседатели во над десетина судови, меѓу кои и четирирте суда од повардарскиот регион.

Пред два дена и истече мандатот на претседтелката на Судскиот совет Александра Зафировска, па во текот на неделава, можно е Судскиот совет да избира само свој претседател.

Неизборот на претседатели во судовите ги стави во „мат“ позиција, вршителите на должноста претседатели, бидејќи работата се развлече со месеци, а тие, покрај нивните предмети кои ги имаат за судење, треба да работат и предмети како што се приговорите против налозите на извршителите, против решенијата на нотарите, да управуваат со судската администрација, со парите и поради тоа, дел од нивните закажани судења се осложуваат за што има реакции од граѓаните.

В.д. претседателите со кои контактиравме, не сакаат јавно да зборуваат за проблемите што ги имаат во судовите и велат дека едвај чекаат Судскиот совет да избере претседатели, зашто никој од нив немал амбиција да биде претседател, не конкурирале, но сега мора да го почитуваат решението на Судскиот совет со кој се назначени за вршители на должноста.

-Еве, ќе поминат 7 месеци откако сме назначени но и нас никој не ни кажува зошто нема избор или кога ќе биде. Ние мора да го направиме новиот годишен распоред за работа на судиите во 2015, но ако изберат наскоро претседатели, тие можат да си направат нов распоред и само ќе трошиме време и ќе префрламе предмети од еден на друг судија- објаснува еден од судиите за НОВА.

Со префрлање на надлежноста во Велес за судење на тешките кривични дела, поголемите стопански спорови, стечаите, граѓански предмети, во судовите во Кавадарци, Неготино и Гевгелија останаа спорови со помала вредност, прекршоците и мал број истраги кои се довршуваат по стариот закон. Малолетниците се судат во Велес, а увидот за потешките кривични дела и истрагите се префрлени во надлежност на судот и обвинителството во Велес.

Дел од судиите во трите суда од Тиквешијата и Гевгелија не можат да ја постигнат месечната норма за решавање на предмети што им е пропишана од Судскиот совет бидејќи немаат доволно предмети во работа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025

Приштина: По осум месеци конечно конституирано косовското собрание

October 10, 2025

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025
ФОКУС

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

ВЕСТИ October 10, 2025

Илјадници Палестинци почнаа да одат кон северна Газа, неколку часа откако израелската армија објави дека…

Марија Корина Мачадо добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година

October 10, 2025

Израелската влада го одобри договорот со Хамас

October 10, 2025

Трамп: Ја завршивме војната во Газа

October 9, 2025
ТИКЕР

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025

Приштина: По осум месеци конечно конституирано косовското собрание

October 10, 2025

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.