Лос Анџелес Ремс на домашен терен ги победија Синсинати Бенгалс со 23:20 (7:3, 6:7, 3:10 и 7:0) во финалето на НФЛ што се одигра ноќеска пред 70.000 гледачи на стадионот „СоФи“ во Калифорнија.
За Лос Анџелес ова е втор трофеј во популарниот Супербол, по оној во 1999 година. За Синсинати, пак, ова беше трет пораз во финалните мечеви.