Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Суперстарс зделка

0
By Marta Pesevska on March 26, 2023 КОЛУМНА, ПОЛИТИКА
Про. д-р. Ана Чупеска
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: АНА ЧУПЕСКА

Кога два дена за ред во вашата земја, турнеја имаат суперстарс од типот на Борел (комесар за надворешна политика и безбедност на ЕУ), Вархеји (комeсар за проширување) и Ескобар (специјален претставник на САД за Западен Балкан) тоа воопшто не е наивна работа. Очигледно е дека на Балканов се „кува манџа“ од која или ќе се отруеме или ќе се опраиме. Но, што ќе се срка на балканите, секако зависи и од нашето севкупно однесување.

Како и да е, придобивките за нас од оваа посета може да се протолкуваат како “ветер во грб”  за да го забрзаме нашиот развој, но  и да внимаваме какви намирници користиме во манџата. Стари и бајати намирници не се препорачуваат во услови на актуелнава војна во Украина. Уште поважно добивме и “по уши” опоменување дека Балканакот сè уште e плодна почва за поткусурување на путиновите аспирации и дека не е баш најпаметно да кокетираме со евроатланската  агенда за регионов, затоа што така може да се заиграме со кибритчиња, а тоа не и е во интерес на западната хемисфера!

Поенче плус и охрабрување за нас, стигна реално, затоа што сме и референтен пример за мирно решавање на спорови (особено Охридски и Преспански договор, тука се издвојуваат како позитива) и тоа е супер. Па, затоа, имено, и преговарањето меѓу Курти и Вучиќ се одвиваше токму во Охрид – со очекување дека гравитационата сила на македонскиот помирувачки дух ќе  ги закачи и нив. Сега за сега – има добар ефект!

Треба да ни е кристално јасно дека Балканот функционира како сврзани садови, особено кога има потреси и нарушувања на безбедносната сфера и токму затоа решавањето на недовршените мировни дејствија на Балканот мора конечно да се обедини во една синхронизирана акција и решенија каде сите ќе бидат “малку несреќни” ама крив ќе им биде некој друг, што е одличен рецепт за суштинско помирување.

Значи, на Ковачевски, како Премиер на РСМ, му се даде уникатна можност да претседава со состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација на ЕУ, и воедно второ, на земјава и се пружи прилика за поголема видливост, по повод преговорите за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, затоа што беше домаќин на таа особено важна операција. И од мене, искрени честитки за оваа операција и лобингот поврзан со тоа.

Но, ајде сега да видиме колку чини оваа посета и дали е без цена, или како што кажа „апла“ Борел: „Оваа година е клучна и ова е најдобрата ЗДЕЛКА што може да ја добиете“ и „не е реалистично да очекувате дека преговарачката рамка повторно ќе се отвори“(…) „Сега е време сите политички партии да си ги преземат своите обврски и искрено да работат на продолжување на оваа патека“…

Кој не сфаќа, еве да појаснам: ова е недвосмислена порака до опозицијата – да не си дозволи да го кочи европскиот пат и да не ги лаже граѓаните дека нова преговарачка рамка е можна! Да, во едно крајно автодеструктивно сценарио, се согласувам дека е можна но, верувајте, ќе биде далеку понеповолна од оваа што ја имаме сега! Драматично самоуништувачка.

Постојат многу историски примери каде испуштената прва шанса на некој земји многу скапо ги чинела!

Интересното е дека од суперѕвездите, освен што беа упатени пораки до опозицијата има и една значајна порака и до власта, испратена од Вархеји, кој опомена дека имаме одговорност да ги забрзаме реформите поврзани со независното судство, со владеењето на правото и борбата против корупцијата и организираниот криминал и особено битно, дека одговорноста за ова посебно лежи во Владата и Собранието.

”Треба и Владата и Собранието да ја забрзаат работата на реформите“ рече овој човек – главен за проширувањето .

Значи да резимирам, пораките до нас се многу јасни и концизни:

  1.    Уставни измени –  час поскоро и национален консензус за членството на РСМ во ЕУ!
  2.    Терминална борба со корупција, криминал, реформи во судството и владеење на правото!

Оттука, пак се враќаме не почетокот и клучното прашање: кому му одговара да сме надвор од евроатлантскиот прогресивен свет, и конечно, кому му одговара неодлучна и скромна пресметката со криминалот и корупцијата?


Текстот е личен став на Авторката. Објавено во ЛИБЕРТАС.МК, 20 март 2023.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.