Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Свечено отворање на ЗОИ во Пекинг: Македонија со тројца спортисти, знаменосец ќе биде Дардан Дехари

0
By Sashko on February 4, 2022 СПОРТ
Фото: thebeijinger.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Под строги протоколи и ограничен број на само домашни гледачи поради пандемијата на коронавирус, денеска во Пекинг и официјално ќе бидат отворени Зимските олимписки игри (ЗОИ 2022) на кои до 20 февруари ќе настапат 2.900 спортисти од над 90 држави.

Церемонијата на свеченото отворање ќе почне во 12:55 часот по средноевропско време на стадионот „Птичје гнездо“ на кој беше отворена и летната Олимпијада во 2008 година.

И овој пат, како и тогаш, улогата на уметнички директор на церемонијата му е доделена на најпознатиот кинески режисер Жанг Јиму, кој најави спектакуларно отворање на олимписката манифестација.

Можноста по втор пат да режирам отворање на олимписки игри е голема чест, но и обврска, бидејќи никој никогаш не бил два пати режисер. Отворањето на зимски игри ќе биде уште подобро од Пекинг 2008, бидејќи ќе креирам нешто ново. На отворањето на Игрите 2008 ја претставив кинеската историја и цивилизација, а денес сè е поинаку. И статусот на Кина и угледот на Кина во светот, изјави неодамна 71-годишниот Јиму, кој најави оти нема да вклучува „голем број изведувачи“.

Прв пат во историјата на Зимските олимписки игри ќе настапат Саудиска Арабија и Хаити, додека македонскиот олимписки тим го сочинуваат Ана Цветановска (нордиско трчање), Ставре Јада (нордиско трчање) и Дардан Дехари (алпско скијање).

Цветановска ќе настапи 5 и 10 февруари, Јада на 8 и 19 февруари, додека Дехари ќе настапи во слалом на 13 февруари и во велеслалом на 16 февруари.

Честа да го носи македонското знаме на стадионот „Птичје гнездо“ ќе ја има Дехари.

Пекинг од денеска и официјално ќе стане првиот град во олимписката историја, домаќин на летна и зимска олимпијада, а според кинеските власти, за организацијата на ЗОИ2022 се потрошени 3,5 милијарди евра.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025

Алексиќ: Ангажирањето на Арсовска Томовска е симбол за коруптивноста на проектот „Експо 2027“

October 3, 2025

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска во Скопје

October 3, 2025

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025
ФОКУС

Четири групи во Европарламентот ќе поддржат недоверба против Фон дер Лајен

ВЕСТИ October 3, 2025

Европратеници од четири политички групи во Европскиот парламент најавија дека ќе го поддржат претстојното гласање…

Јато дронови над белгиска воена база – НАТО го вклучи алармот

October 3, 2025

30 години од атентатот врз првиот Претседател на независна Македонија Киро Глигоров

October 3, 2025

Време: Зимата ја претрка есента

October 3, 2025
ТИКЕР

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025

Алексиќ: Ангажирањето на Арсовска Томовска е симбол за коруптивноста на проектот „Експо 2027“

October 3, 2025

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска во Скопје

October 3, 2025

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.