Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Свеќа на сеќавањето – Сила на отпорот

0
By Zoran Ivanov on November 23, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Жртви на вештачки организираниот геноцид во Украина во 1932-1933 година беа Украинците токму поради нивната припадност на украинската нација.

Лариса Дир

Последната сабота во ноември, Украинците и демократскиот прогресивен свет им оддаваат почит на милионите жртви на Гладоморот од 1932-1933 година во Украина, организиран од сталинистичкиот тоталитарен режим.

Руската Федерација го продолжува злосторството на геноцид, убивајќи Украинци и киднапирајќи украински деца.

Гладоморот е геноцид на Украинскиот народ, кој беше предизвикан од намерно организираните дејствија на комунистичкото раководство за создавање на вештачки глад во Украина во 1932-1933 година, како резултат на кој загинаа милиони луѓе.

Покорувањето со глад е сигурен инструмент за терор и убиство.

Искоренување на општествените основи на независноста, украинската државна мисла и ограничување на кое било изразување на волја за слободата на развој на украинската нација беа главните цели на тоталитарниот режим.

Сакам да потсетам дека Гладоморот од 1932-1933 година во Украина е признаен како геноцид врз Украинскиот народ од многу држави ширум светот.

Судбоносен настан беше создавањето во 1984 година, врз основа на одлуката на Сенатот и Претставничкиот дом на САД, на Комисијата за Гладоморот во Украина од 1932-1933 година, чија работа беше предводена од д-р Џејмс Мејс. Комисијата собираше информации за Гладоморот, ги слушаше и запишуваше сведоштвата на оние кои успеаја да преживеат, ги анализираше причините и последиците од Гладоморот за Украина.

По двегодишниот мандат, Комисијата ја заврши својата работа и во 1988 година поднесе извештај од две илјади страници, но исто така беа објавени и заклучоците на Комисијата, вклучително: жртвите на украинскиот Гладомор броеја милиони луѓе; Гладоморот не беше, како што често се тврдеше, поради сушата; Гладоморот во Украина во 1932-1933 година беше резултат на максималната конфискација на земјоделските производи од селското население; беа преземени мерки за да се спречи преселувањето на гладните во региони каде што беше достапна храна; веќе на крајот на 1932 година, Сталин знаеше дека луѓето во Украина умираат од глад; Сталин и неговото опкружување извршија геноцид врз Украинците во 1932-1933 година

Жртви на вештачки организираниот геноцид во Украина во 1932-1933 година беа Украинците токму поради нивната припадност на украинската нација.

За Украина е важно светската заедница да се сеќава и да го признава Гладоморот од 1932-1933 година во Украина како геноцид врз Украинскиот народ.

Северна Македонија ја поддржа Резолуцијата на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (бр. 2575/2024 од 03 октомври 2024 година) „Одбележување на 90-годишнината од Голодоморот – Украина повторно пред закана од геноцид“.

Украина ќе биде благодарна доколку Парламентот на Северна Македонија ја разгледа можноста за донесување резолуција за признавање на Гладоморот од 1932-1933 година во Украина како геноцид врз украинскиот народ. Оваа одлука би претставувала силна поддршка и израз на солидарност со Украинците, кои херојски ја бранат својата држава од руските окупатори.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа.мк

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
ФОКУС

Копенхаген: Европските лидери се „договорија“ за ништо

ВЕСТИ October 2, 2025

Европските лидери во Копенхаген, Данска, цел ден расправаа за безбедноста на континентот но без конкретни…

Париз: Синдикални протести низ цела Франција – се бараат и повисоки даноци за богатите

October 2, 2025

Лидерот на военото крило на Хамас во Газа Дин ал-Хадад го отфрлил планот на Трамп за прекин на војната во енклавата

October 2, 2025

Штрајк со глад започнаа дел од грчките активисти од флотилата „Глобал Сумид“, кои се задржани од израелските власти

October 2, 2025
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.