Полицијата изнела свештеник на Српската православна црква (СПЦ) од продавницата на Лидл во српскиот град Инѓија, бидејќи упорно одбивал да ги плати производите што ги одбрал за купување, објави денеска локалниот портал Инмедија, пренесе Бета.
Според очевидци, настанот се случил во вечерните часови во понеделникот, кога свештеникот ги убедувал продавачите да не му наплаќаат за производите што ги земал и да му ги однесат до автомобилот.
Откако персоналот долго време одбивал да го стори тоа, свештеникот седнал на подот и протестирал, а вработените повикале полиција, која го изнела од продавницата.