НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Светлина во 27-годишниот тунел на спорот со името

0
By Светлана Јовановска on January 18, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Охрабрувачките и помирливи изјави на македонската и грчка влада за спорот со името го охрабрија медијаторот Метју Нимиц да ги свика двете страни вчера во Њујорк и да провери дали светлината што ја видел во долгиот 27 годишен тунел на спорот може да донесе резултати.

“Јас сум оптимист затоа што процесот тргна во позитивна насока”, изјави Нимиц пред новинарите по средбата со двајцата преговарачи, македонскиот дипломат Васко Наумовски и грчкиот дипломат Адамантиос Василакис.

Тој додаде дека на двете страни им презентирал предлози а тие потоа треба да им ги пренесат тие предлози на нивните влади за да може да се продолжи со дискусија. Самиот Нимиц има намера да оди и во Скопје и во Атина за да разговара за предлозите.

“Сметам дека се работи за добар збир идеи, компромис и пакет во кој двете страни можат да се чувствуваат комфорно и кој може да води до достоинствено и задоволително решение”, изјави Нимиц кој на овој спор работи од 1994 година.

Најава за преговори на министерско ниво

Министерот за надворешни работи Никола Димитров изјави на 13 јануари дека медијаторот Метју Нимиц е охрабрен да излезе со првична рамка на вчерашните њујоршки разговори.

“Се уште немаме предлог на масата за решавање на спорот со името. Одлучивме да го охрабриме медијаторот Метју Нимиц да излезе што е можно побрзо, дури и идната среда, со една првична рамка што ќе послужи или што ќе даде насоки за суштински напредок и најавивме подготвеност да се вклучиме како шефови на дипломатии директно, нешто што досега не се случило”, изјави шефот на македонската дипломатија Никола Димитров за емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.

Според него, не може Македонија да биде само грчка, бидејќи не е, и не може Македонија да биде само наша бидејќи не е, географскиот регион е голем и има три држави.

Несмасна изјава

Ова оптимистичко расположение што доаѓа од сите страни, беше затемнето од страна на македонскиот преговарач Наумовски кој негативно ги оцени предлозите на Нимиц. Според него, предлозите на Нимиц “се далеку од достоинствено решение” а изјавата дојде веднаш по средбата и пред да биде информирана македонската влада за ставот на преговарачот:

“Нашата држава има име, тоа е Република Македонија, името што е во основата на нашиот идентитет. Исто така, денес во 2018 година никој не може да го негира постоењето на македонскиот народ и македонскиот јазик. Од страна на медијаторот денеска беа презентирани некои идеи за коишто сметам дека излегуваат од оваа рамка и дека се далеку од едно достоинствено решение, но, сепак, овие предлози ќе бидат презентирани пред државно-политичкиот врв и истиот ќе може да заземе став по ова прашање”, рече Наумовски во изјава за известувачот на ТВ Сител.

Спротивно од Нимиц и позитивните тонови што доаѓаат од Скопје и Атина, Наумовски додаде не е голем оптимист.

“Оптимизмот е секогаш корисен, но за да се биде голем оптимист треба да има основа за тоа. Имајќи предвид што се слушнавме како изјава од грчките официјални лица, се она што што беше презентирано во рамките на овие разговори, вклучително и ова денес не ни дава простор да бидеме големи оптимисти”, вели Наумовски.

Со смирувачки тон реагираше Владата, без да ја споменува избрзаната изјава на Наумовски.

“Активно се создаваат услови за придвижување на процесот напред, а исходот ќе зависи од подготвеноста за компромис на двете страни, имајќи ги предвид разликите.

Остава добар впечаток обновената комуникација, која отвора простор за пријателски пристап и градење обострана доверба.

По внимателна анализа на рамката на Нимиц што денес ја презентирал пред преговарачите во Њујорк, согласно значењето на прашањето за државните интереси, ќе продолжи процесот за градење на што е можно поширок и поинклузивен став од страна на Република Македонија”, се вели во владиното соопштение.

Причината за несмасната изјава на Наумовски останува нејасна за јавноста која не е информирана за содржината на предлозите на Нимиц.  Таа изјава дојде пред двете влади да бидат информирани за деталната содржина на преговорите.

Истото чувство владее и во Грција. Грчките медиуми денес го коментираат овој дисонантен став во нашата преговарачка екипа и сметаат дека тоа носи нови проблеми во потрагата по решение.

„Наместо излезни решенија, дополнителни пречки произлегоа од вчерашниот состанок во Њујорк на грчкиот и македонскиот преговарач со медијаторот на ОН во спорот за името, Метју Нимиц“, пишува грчкиот весник „Катимерини“ во денешното издание.

„Владини извори од Скопје вчера коментираа дека изјавите на господин Наумовски претставуваат лична изјава, бидејќи Владата сѐ уште не ги видела предлозите на Нимиц. Г-дин Наумовски не добил инструкции од Скопје’“, велат изворите, пишува „Катимерини“.

Оптимизам

Според медиумските шпекулации, помеѓу предлозите се наоѓаа “Северна Македонија” и “Нова Македонија”. Агенцијата АФП прецизира дека грчките националисти не сакаат името да го содржи зборот Македонија но тоа не и пречи на грчката влада доколку постои географска одредница.

Според Нимиц, овој пат навистина може да биде најдено решение и покрај неуспешните обиди во последните 27 години.

“Навистина тоа го мислам. Мислам дека и во Атина и во Скопје навистина сакаат да биде најдено решение”, изјави тој. На една грчка телевизија тој вчера изјави дека името “Македонија” веќе се наоѓа во денешната привремена референца и додаде дека “повеќе од сто земји ја признаваат Македонија како Република Македонија што докажува дека името Македонија е поврзано со оваа земја и верувам дека може да се најде решение кое им одговара и на грчките барања и на луѓето во вашата соседна земја”.

Познато е дека премиерот Заев на 7 јануари изјави дека постојат добри шанси да се реши спорот до средината на 2018 година. Шефот на нашата дипломатија Никола Димитров изјави вчера, пред средбата во Њујорк, дека очекува Нимиц да предложи “рамка што ќе помогне да се структурираат разговорите”.

Неговиот грчки колега Никос Коѕиас исто така изјави дека е оптимист дека решение ќе биде најдено во текот на 2018 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.