Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Светска банка: Народната банка активно ја унапредува регулативната рамка за ефикасен и сигурен банкарски систем

0
By Ivana on February 21, 2022 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Народната банка посветено работи на унапредување на банкарската регулатива и вградување на најдобрите меѓународни практики и одредбите на европските директиви, со што се создаваат услови за одржување ефикасен и сигурен банкарски систем, како значајна алка во создавањето поволни финансиски услови за економски раст.

Според оцените на Светската банка, тимот на Народната банка има професионален и конструктивен пристап на постојано градење соодветна регулативна рамка. Унапредувањето на регулативната рамка се прави со значајна поддршка од страна на Светската банка.

Ова беше посочено на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и претседателот на канцеларијата на Светската банка во земјава, Масимилијано Паолучи.

Паолучи ја поддржа и заложбата на Народната банка за преземање активности во доменот на зелените финансии. Во тој контекст, беше посочено дека е исклучително важно што Народната банка во рамките на своите стратегиски цели за наредниот тригодишен период предвиде повеќе активности во овој домен.

Во рамките на активностите е предвидено утврдување на изложеноста на банкарскиот систем на ризиците поврзани со климатските промени. Со ова ќе се создадат услови за подготовка на рамка којашто ќе им овозможи на банките да ги вградуваат ризиците од климатските промени во своето деловно планирање и управување со ризиците, како и во рамките на внатрешните контролни механизми.

Во овој сегмент, претставникот на Светската банка посочи на продлабочувањето на соработката со Народната банка преку вклучување на земјата во рамките на проект со кој би се дијагностицирале зелените финансии во регионот.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска се осврна на движењата во економијата, при што беше посочено дека економскиот раст e согласно со очекувањата, додека кај движењата на инфлацијата внимателно се следат факторите коишто придонесуваат за нагорно придвижување на цените. 

Поставеноста на монетарната политика засега е оценета како соодветна на макроекономските услови, но јасна е потребата од внимателност, како и подготвеност да се реагира доколку се јави потреба. Вниманието на Народната банка е насочено кон одржување соодветен баланс на поставеноста на монетарната политика којшто ќе овозможи соодветни услови за натамошен економски раст, со истовремено одржување на ценовната стабилност и стабилноста на домашната валута.

Светската банка е присутна долги години со проекти коишто даваат значајна поддршка на економскиот раст и развој на државата, а очекувањата се дека и понатаму активно ќе поддржува проекти со коишто се постигнува економска благосостојба.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.