Министерството за труд и социјална политика и Црвениот крст на Македонија денеска ќе го одбележат 5 Декември – Светскиот ден на волонтерството.
На настанот кој ќе се одржи во Музејот на македонската борба, ќе се обрати министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, кој ќе додели награди за волонтерство, а Црвениот крст на РМ ќе додели волонтерски награди за посебни достигнувања.
Волонтерите ќе зборуваат за своите искуства и за придобивките од нивната активност. Меѓу нив се и јавни личности како позитивни примери кои практикуваат и поддржуваат волонтерство.