Челзи ќе биде ривана на бразилскиот Палмеираш во финалето на Светското клупско првенство во фудбал во Абу Даби. Лондонските „сини“ обезбедија место во мечот за титулата по победата во полуфиналето попладнево над саудиски Ал Хилал со 1:0.
Стрелец на единствениот погодок беше Ромелу Лукаку во 32-та минута.
Англискиот премиерлигаш по вторпат ќе игра во финале на Светското клупско првенство. Премиерата ја имаше во 2012 година кога загуби од бразилски Коринтијанс со 1:0. Сите европски екипи оттогаш го освојуваа пехарот и тоа Реал Мадрид четири пати, Баерн Минхен два пати, а по еднаш Барселона и Ливерпул.