Бразилски Палмеираш вечерва го совлада египетски Ал Ахли со 2:0 (полувреме 1:0) и се пласираше во финалето на Светското клупско првенство во фудбал во Абу Даби.
Актуелниот освојувач на јужноамериканскиот Копа Либертадорес славеше со головите на Рафаел Веига во 30-та минута и на Дуду во 49-та.
Вториот финалист ќе биде познат по утрешниот дуел меѓу европскиот првак Челзи и Ал Хилал од Саудиска Арабија со почеток од 17:30 часот.