Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЗО: Сè уште нема доволно податоци за Омикрон

0
By Ivana on December 22, 2021 ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: news10.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Светската здравствена организација се уште нема доволно податоци за новата варијанта на коронавирусот Омикрон за да објави дека е попреносливa од варијантата Делта, изјави денеска техничката шефица на СЗО за Ковид-19 Марија Ван Керкове.

– Имаме некои податоци кои покажуваат дека стапките на хоспитализација се пониски, рече претставничката на СЗО на прес-конференција.

Таа предупреди дека не треба да се извлекуваат заклучоци од првите податоци, бидејќи оваа варијанта не циркулира доволно долго меѓу населението, особено кај ранливите популации.

Генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус ги повика земјите да учат од изминатите две години од пандемијата и повторно повика на поголема правичност во дистрибуцијата на вакцините.

Тедрос предупреди дека сеопфатните програми за бустер вакцинација во богатите земји ризикуваат да ја продолжат светската битка со Ковид-19 и рече дека „ниту една земја не може да го забрза својот излез од пандемијата“.

Генералниот директор на СЗО истакна дека приоритет мора да биде да се намалат смртните случаи и да им се помогне на сите земји да ги исполнат минималните цели за вакцинација кои многу сè уште не ги постигнале.

Тој истакна дека „огромното мнозинство на хоспитализации и смртни случаи се кај невакцинирани луѓе, а не кај оние кои не примиле трета доза“.

Тедрос, исто така, рече дека е „искрено тешко да се разбере“ дека три четвртини од здравствените работници во Африка сè уште се невакцинирани и дека глобалните нарушувања во снабдувањето предизвикале само половина од земјите-членки на СЗО да ја исполнат целта за вакцинација, што е 40 отсто од нивното население заклучно со крајот на оваа година.

Регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге, предупреди дека Омикрон ќе стане доминантна варијанта во Европа до почетокот на 2022 година и дека се потребни уште три до четири недели за да се утврди сериозноста на болеста што ја предизвикува.

Клуге ги предупреди земјите да се подготват за „значително зголемување“ на нови инфекции.

– Нема сомнеж дека Европа повторно е епицентар на глобална пандемија, рече Клуге, додавајќи дека инфекциите се зголемиле за 40 отсто од пред една година и дека Омикрон сега е доминантен.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.