Веле Митаноски
Димитар Ковачевски се повлекува од лидерската позиција во СДСМ и бара сите да го следат неговиот пример.
Се јавија првите критики, дека ја колективизира одговорноста. Може и така да се каже, ама ние не знаеме дали некој се спротивставувал на неговото владеење како индивидуа.
Затоа, барем исто, е спорно инсистирањето за индивидуална одговорност ( професор Спасов).
Ако тој владеел со сите, а сите биле климоглавци, тогаш, МАГЛА СИТЕ!
Требаше порано да се укажува, на потребата од напуштање на султанизмот во нашиот политички живот, воопшто.Не само во СДСМ.
Оние што навреме укажуваа, нескромно си земам за право и себе си да се ставам мегу нив, беа жигосувани како непринципиелни критичари.
Јас укажував и на бесполезноста од такавиканите коалициски партнери.
Ниту еден од нив, во мојот Охрид, неможе да собере сто гласа.
Има и такви кои го лажеа СДСМ дека имаат партиски организации, а немаат.
Што сега со подарените пратенички мандати. Сите во СДСМ ќе сносат одговорност, а “силниве!” партнери, веќе се сеирџии, после изборната ноќ!!! Никаде ги нема.
Легитимно е прашањето: ако сите во СДСМ сносат одговорност ( се инсистира и на враќање на мандатите, што е невозможна мисија!), зошто тоа не би го сториле и оние што од СДСМ се офајдија, а со ништо не придонесува.
Еве ви илустрација колку тежи ЛДП, за другите не треба зборови да се трошат.
Пред повеќе години оваа партија излезе сама на избори. Лидерот ја одбра петтата ИЕ. И собра нешто под две илјади гласови.
Еве прилика СДСМ да се ослободи од тој баласт.
Истото треба да го направи и ВМРО ДПМНЕ. Нека си исчисти политичката сцена. Кој може нека се јуначи сам. Затоа капа долу за Левица и ЗНАМ.
Се` друго е КРЛЕЖАНА!
(Пренесено од ФБ ѕидот на авторот)