Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Талибанците повторно воведуваат егзекуции и отсекување раце

0
By Ivana on September 24, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Еден од основачите на талибанците и главен иницијатор за строго толкување на исламскиот закон за време на последното владеење на Талибанците во Авганистан кон крајот на 1990 -тите, Мула Норудин Тураби, рече дека движењето повторно ќе врши егзекуции и отсекување на раце, иако можеби не во јавност.

Во интервју за Асошиејтед Прес, Тураби го отфрли гневот поради егзекуциите што талибанците ги вршеа во минатото, кои понекогаш се случуваа пред толпа луѓе на стадион и го предупреди светот да не се меша во работата на новите владетели на Авганистан.

– Сите не критикуваа за казните на стадионот, но ние никогаш не кажавме ништо за нивните закони и казни. Никој нема да ни каже какви треба да бидат нашите закони. Ние ќе го следиме исламот и ќе усвоиме закони засновани на Куранот, рече Тураби.

Коментарите на Тураби укажуваат дека водачите на групата остануваат длабоко конзервативни, иако прифаќаат технолошки промени, како што се видео и мобилни телефони, наведува АП.

Тој рече дека судиите, вклучително и жените, ќе судат предмети, но оти основата на авганистанскиот закон ќе биде Куранот.

– Отсекувањето раце е многу неопходно од безбедносни причини, нагласи Тураби, велејќи дека овој вид казна има застрашувачки ефект.

Тој додаде дека кабинетот проучува дали казните ќе бидат јавно извршени или „таа политика ќе се развива“.

Во последните денови во Кабул, талибанските борци ја обновија казната што ја користеа во минатото за луѓето обвинети за ситни кражби, а тоа е да ги засрамат.

Најмалку двапати во последната недела, мажи од Кабул беа сместени во задниот дел на камион, со лисици на рацете и беа возени за да бидат понижени.

Во еден случај, нивните лица биле обоени за да ги означат како крадци. Во друг случај, на вратот им бил закачен застоен леб или им ги полнеле устите со него.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.