Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тамара Шпановиќ & Милош Ивановиќ, Белград: Патувања со маска

0
By Нова ТВ on March 7, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишуваат Тамара Шпановиќ & Милош Ивановиќ

Кога пред точно една година ги пакувавме ранците за нашата нова „backpack.me“ авантура по Израел и по Палестима, не ни претчувствувавме дека тоа ќе биде нашето последно патување без заштитни маски, строги правила, мноштво придружна документација и постојана неизвесност.

Со појавата на вирусот корона во светот доаѓа до големи промени, како во извршувањето на секојдневните обврски, така и во начинот на патување. Заминувањето на пат станува луксуз за малцинството и вистински предизвик, а организацијата на истиот станува скоро невозможна поради големиот број откажани летови, затворањето на границите и непобедливите правила за потиснување на гореспоменатиот вирус.

Летот со авион веќе не е ни налик на оној на кој сме навикнати. Уште од април и мај минатата година, авиокомпаниите и хотелите се соочуваат со криза од невидени размери. Една од водечките авиокомпании на светот, Emirates, на почетокот на мај 2020 година најави отпуштање на преку 30.000 вработени и со тоа го официјализира почетокот на бројни штедења во големите компании директно зависни од туризам.

Во новонастанатите околности, авиокомпаниите се принудени да рефундираат пари за сите откажани летови, како и во целост да го променат начинот на работење. До пред само една година беше незамисливо да купиш авионска карта и да го промениш датумот на патување, името на патникот и условите на самиот пат без сурово високи пенали. Денеска, постојат многу авиокомпании кои нудат промена на датумот како стандардна, бесплатна опција и на тој начин покажуваат флексибилност и подготвеност барем во одредена мера да им излезат во пресрет на своите патници.

Покрај тоа, обидот за унификација на политиките за транзит во рамките на ЕУ претставува олеснување за бројни патници кои во овој момент се осмелиле на далечни и прекуокеански патувања.

Исто така, хотелите и угостителските објекти во целост ја менуваат својата оперативна стратегија. Во многу земји рестораните работат со 30% од капацитетот или се сосема затворени, додека хотелите и сместувањата за туристи нудат бесплатни оброци, поволни цени за ноќевања, како и промена на датумот без финансиски пенали.

Освен новите правила кога се патувањата во прашање, како задолжителното носење на заштитна маска, држењето растојание, како и ограниченото движење, се соочуваме и со нови патни додатоци. На шега секогаш велиме дека на нашите патувања е важно да се води сметка за четирите П: пасош, полнач, пари и полиса за осигурување. Денеска, во 2021 година, на тој список додаваме уште една буква П, која претставува ПЦР тест – услов за влез во повеќето земји во светот. Цената на еден ПЦР тест во Република Србија изнесува 9000 rsd. Ќе се согласите, значително влијае врз самиот буџет за Вашето планирано патување.

И кога ќе помислиме дека сите препреки се зад нас и дека најпосле сме подготвени за нови авантури, се појавуваат неофицијални информации поврзани со „ковид пасоши“. Во моментов ниедна земја во светот не бара „ковид пасош“, ниту пак има јасно дефинирана детерминација за истиот. Интересно е дека Грузија е првата земја во светот која официјално соопшти дека условот за влез во таа земја им е дозволен на сите странски државјани со соодветна документација и потврда за примена вакцина против вирусот Ковид19.

Постојат тенденции според кои, кога економијата на туризмот во една земја ќе доживее крах, мерките стануваат сѐ помалку рестриктивни. Тоа можеме да го видиме по бројните примери на земји во чие БДП туризмот има доминантна улога (Грција, Хрватска, Црна Гора). Се поставува прашањето, дали е ова новата нормалност? Дали навистина патувањата во иднина ќе изгледаат вака?

Не ни преостанува ништо друго освен стрпливо да чекаме нови авантури, а дотогаш да водиме сметка како за своето, така и за здравјето на луѓето од нашата околина.

 

Тамара Шпановиќ & Милош Ивановиќ, двајца млади луѓе кои повеќе од шест години самостојно, без посредници, ги реализираат своите патувања по светот по многу поволни цени. Основачи на „Backpack.me putovanja“.

Текстот, насловот и фотографијата се преземени од опкружување –  платформа отворена и достапна за сите оние од регионот таканаречен Западен Балкан, чии гласови заслужуваат внимание и кои сакаат со своите текстови, видео записи и други формати да го изнесат својот критички поглед, да понудат нови идеи и видувања за сите случувања во соседството.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.