Театарот за деца и младинци-Скопје со претставата „Бескрајни соништа“ од А.С. Пушкин во режија на Боњо Лунгов ја освои специјалната награда за оригиналност и фантазија на 20. jубилеен фестивал на театри за деца што се одржа во Суботица, Србија.
Интернационалното петчлено жири, соопштија денеска од НУ Театар за деца и младинци, имаше тешка задача да ги подели наградите поради големата конкуренција на квалитетни претстави од целиот свет.