Published: Sunday, June 7, 2020 18:25
Отворена продавница во Чаир, луѓето си пазаруваат, а само на неколку метри од нив полиција која ги проверува само дозволите за движење на оние кои се со возила- вака изгледа полицискиот час, според репортажата на Телма.
Слично изгледа населбата Даме Груев, за некои позната и како Новоселски пат. Полиција од време на време поминува во патрола. Казни нема, само остри усмени опомени за луѓето кои опуштено се движат надвор иако тоа не смеат да го прават.
Некои од жителите воопшто не се плашат од полицијата. Другите коишто го почитуваат полицискиот час и си работат во дворовите сметаат дека требало само порано да каже Владата дека ќе биде ограничено движењето.




