НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тема: Изолационистичките ставови на Венс поттикнуваат загриженост за иднината на односите ЕУ-САД 

0
By Zoran Ivanov on July 21, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Венс важи за еден од најпосветените поддржувачи на агендата на Трамп – „Да ја направиме Америка повторно голема“, особено за делот на трговијата, надворешната политика и миграцијата. Тој е дел од радикалното крило во Републиканската партија кое промовира изолационистички надворешно-политички убедувања под мотото „Прво на Америка“. 

Изборот на Доналд Трамп на 39-годишниот републикански сенатор од Охајо, Џеј. Ди. (Џејмс Дејвид) Венс за негов кандидат за американски потпретседател и можноста оваа двојка да „ја освои“ Белата куќа во Вашингтон на претседателските избори во ноември, предизвикува дополнителна загриженост во ЕУ околу иднината на посветеноста на САД на европската безбедност.

Политичките убедувања на Венс, кои се оценуваат како мешавина на изолационизмот и економскиот популизам, наидуваат на поддршка од страна на најконзервативните сојузници и поддржувачи на Трамп, но не и на голем број поумерени влијателни републиканци.

Венс важи за еден од најпосветените поддржувачи на агендата на Трамп – „Да ја направиме Америка повторно голема“, особено за делот на трговијата, надворешната политика и миграцијата. Тој е дел од радикалното крило во Републиканската партија кое промовира изолационистички надворешно-политички убедувања под мотото „Прво на Америка“.

Можноста Трамп да се врати во Белата куќа веќе предизвикуваше загриженост во ЕУ, која сега е дополнително зголемена со изборот на Венс за потпретседателски кандидат. Таа загриженост пред се се базира на јавно искажаните противење на Венс на американската помош за Украина.

Венс беше еден од најголемите противници на законот што го усвои американскиот Конгрес за пакетот воена помош за Украина во износ од 60 милијарди долари. Дополнително, во обраќање на Безбедносниот форум во Минхен, Венс се спротивстави на зголемување на средствата што ги одвојува Вашингтон за поддршка на Украина и ја критикуваше, според него, „прекумерната зависност на Европа од САД во сферата на безбедноста“.

Тој оцени дека рускиот претседател Владимир Путин не претставува „егзистенцијална закана“ за Европа, дека Американците и Европејците не можат да обезбедат доволно муниција за да може Украина да ја порази Русија, како и дека војната мора да заврши со „некаков договор со мир“.

Не, не мислам дека ние треба да се повлечеме од НАТО и не, не мислам дека треба да ја напуштиме Европа. Но, да, мислам дека САД треба повеќе да се фокусираат на Источна Азија. Тоа ќе биде иднината на американската надворешна политика во следните 40 години, а Европа мора да се соочи со тој факт, изјави Венс,

Дополнително, Венс за време на престојот во Минхен избегна да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Има многу лоши момци ширум светот. И јас во моментов сум многу повеќе заинтересиран за некои од проблемите во Источна Азија, отколку за оние во Европа, истакна Венс во обраќањето во Минхен, додавајќи дека „американското безбедносно ќебе“ резултирало со „атрофирање на европската безбедност“.

Ваквите ставови предизвикаа загриженост кај европските лидери и дипломати присутни во Минхен, бидејќи тие отстапуваат од вообичаеното двопартиско единство во САД кога станува збор за трансатлантските односи и безбедносната и одбранбената соработка со Европа.

Дополнително, европски дипломати очекуваат од Венс „да ги турка“ Европејците во уште поголем спор со Пекинг, од оној што постои сега со истрагата на ЕУ за влијанието на кинеските субвенции за серија производи, од електрични возила, па до свинско месо и алкохол.

Венс е роден во јужно Охајо во реонот на Апалачките Планини, кој е еден од економски најсиромашните делови на оваа американска сојузна држава.

Тој стана познат во пошироката јавност по издавањето на книгата со мемоари „Хилбили елегија“ во 2016 година, која стана бестселер. Во ова свое дело, Венс се обидува да ги објасни причините за социо-економските проблеми со кои се соочува неговиот роден град и реонот на Апалачките Планини, каде мнозинството бели Американци од сиромашните работнички слоеви сесрдно гласаа за Трамп на изборните циклуси во 2016 и 2020 година.

Во време на издавањето на книгата, Венс беше решителен во противењето на изборот на Трамп за американски претседател. Но, по службата во Маринскиот корпус и дипломирањето право на Универзитетот „Јеил“, Венс се трансформираше во жесток поддржувач на Трамп, што му донесе победа на изборите за Сенатот на САД во 2022 година.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.