НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тешки времиња за пропагандата

0
By Сашка Цветковска on November 5, 2013 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По „разобличувањето“ на „соросоидот“ Франк Ла Ру, специјален известувач за слобода на изразување во Обединетите нации непосредно по неговата посета во земјава, дневниот весник „Дневник“ се фрли во напад на уште еден критичар на владата во однос на состојбите со медиумите. Овојпат на „отстрел“ е Дуња Мијатовиќ, специјалниот известувач за медиуми во ОБСЕ во текстот од авторот Искра Корошевоска со наслов „Која е таа Дуња Мијатовиќ“ .

Се разбира, како што обично бидува, ова „истражување“ инстантно е превземено од медиуми како Прес24, Република, Курир, Денешен, Евести и куп слични.

Во недостаток на некакво „соросоидно минато“, овојпат на Мијатовиќ и се забележува за нејзината „негрижа“ за британските печатени медиуми кои ги демнела опасност од силна владина контрола. Зошто Дуња не се секирала за Велика Британија, а се секирала за Македонија? Какви се тие двојни аршини? Зошто Дуња се изнапишала се и се што за Кежаровски, а ни три збора не „скршила“ за упадот на тајната полиција во„ Гардијан“? Кога Дуња Мијатовиќ ќе одела во посета на премиерот Камерон како што доаѓа во посета на премиерот во Скопје? За ова последново „Дневник“ дури испратил и писмено прашање во канцеларијата на Мијатовиќ.

Проблем не се прашањата, се разбира, иако текстов сам по себе е жив проблем. Проблем е аргументацијата. Да почнеме со ред. Текстот почнува во обид да биде професионален, демек ние баш се распрашавме. За таа цел, новинарката тврди дека ја контактирала прес службата на два британски звучни медиуми „Сан“ и „Тајмс“, односно прес службата на групацијата на која припаѓаат.

„Во изјава за „Дневник“ оттаму искоментираа дека им значи поддршката од медиумите во светот против одлуката на Kамерон да ја контролира нивната работа, но, за жал, немаат поим која е конкретната госпоѓа, која за „репресираните“ македонски новинари е икона“, пишува авторката на текстот. Анонимната портпаролка одговорила дека прв пат слушнале за таква личност и едвај можеле да и го изговорат името.

„Таа го задржа правото на нејзината корпорација да не се претстави, објаснувајќи ни дека такви им биле правилата за комуникација, но сеедно. Двата звучни британски весника воопшто не слушнале, ниту се заинтересирани за изјавите и функцијата на Дуња Мијатовиќ, околу која во Македонија „се потресуваме“.“, пишува Дневник понатаму во текстот.

Дека навистина работата дошла до потресување доказ е самиот овој текст – Да проарчиш цела страна во весник за некој за кого зборот потресување го сместуваш во наводници, демек баш и баш не сме потресени, па да арчиш и телефон до Обединетото кралство за да прашуваш дали таму некоја портпаролка ја знаела Дуња Мијатовиќ е стратешки погрешно. Ама тешки се времињата и за пропагандата.Така настануваат грешки.

Ако новинарката пристапела кон едноставно сурфање на интернет веројатно ќе потрошела многу помалку време, а резултатот ќе бил – спас од ваков резил-текст.

„И додека во Велика Британија е непозната личност, македонската јавност има можност во последно време, особено со актуелниот случај со новинарот Томислав Kежаровски, зачестено да ги слуша нејзините критики за „цензура во македонските медиуми“. За разлика од апелот до британските власти, кој е умерен и без значителни критики, пораките што неколкупати се испратени до властите во Македонија се дијаметрално спротивни“, заклучува авторот по кусиот разговор со анонимната портпаролка од два британски весника.

Користејќи ја техниката која самите ја препорачавме погоре, со едноставно пребарување на интернет успеавме да пронајдеме доволно текстови во британски медиуми кои не одат во прилог на тезата дека Мијатовиќ е непозната личност за британската јавност, особено во медиумските кругови. Навистина, точно е дека не успаевме да најдеме текст во кој се споменува Мијатовиќ во таблоидите и полутаблоидите во Британија, но се надеваме дека медиуми како Гардијан, Телеграф, ББС, и Ројтерс се доволно релевантни за да ја демантираат тезата за безначајноста на претставничката на ОБСЕ во Британија. (текстовите се линкувани во имињата на медиумите, кликнете на зборчето).

Понатаму, во Дневник и забележале на Мијатовиќ дека премногу се бави со Кежаровски на чие затворање посветила дури три соопштенија, додека за состојбата во Британија посветила само едно млако соопштение. Ако повторно се послужат со пребарување на страницата на ОБСЕ многу лесно ќе откријат дека Дуња Мијатовиќ од Март годинава па се до денес имала три соопштенија во однос на предложениот закон за медиуми во Британија.

Но, дека не се сетиле на оваа идеја говори и следната реченица.

„Реакција нема ни за тоа кога британските служби упаднаа во „Гардијан“, пишува Дневник.
Арно ама,реакција имало на 29 Август, информација многу лесно достапна на страницата на ОБСЕ, што уште еднаш не упатува на заклучокот дека намерата веројатно не била да се лаже, едноставно пристапот во однос на изборот на алатки за истражување е стратешки, благо речено – промашен.

Се разбира, работата отишла дотаму што во „Дневник“ констатирале дека ваквата „негрижа“ на Дуња Мијатовиќ за британските колеги не смее да помине туку така, па и упатиле низа прашања

„Дали г-ѓа Мијатовиќ има намера да го посети Обединетото Kралство, да се сретне со премиерот Дејвид Kамерон или со други владини претставници и отворено да разговара дека со формирање регулаторно тело за мониторинг на печатените медиуми се врши притисок врс слободата на новинарското перо? Kои конкретни мерки ќе ги преземе за заштита на британските новинари од владина контрола? Нејзиниот став е јасен и дециден кога станува збор за слободата на изразување во Македонија, колку може да влијае врз состојбата во Велика Британија за истото прашање? “, прашале во Дневник.

Ако се следи примерот на македонската влада тогаш поумно би било прашањето да го упатат до Камерон, бидејќи Дуња Мијатовиќ во Скопје дојде на покана на македонската влада, впрочем, исто како и Франк Ла Ру од ООН. За ова сигурно ќе најдат потврда и во македонската влада.

Во моментов не знам што точно се случува околу новото тело за регулација на печатот во Британија, но испративме прашања до новинари и наши колеги од таа земја кои деновиве ќе ни ги дадат нивните погледи на работите.

Во меѓувреме, можам само да констатирам дека просто е пресмешно да се покажува некаква наводна грижа за обидите на владата да ги контролира медиумите во Британија, додека се користат наводници за зборовите како цензура и репресија во Македонија, што само не наведува на заклучокот дека некој таму во Дневик сериозно си умислил дека Македонија е демократија, а Британија не е. А во вакви грозни конструкции да се сместува и судбината на колегата Кежаровски е едноставно срамно.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарски државјанин исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро

August 9, 2025

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025
ФОКУС

Ен-Би-Си: Белата куќа размислува да го повика Зеленски на Алјаска

ВЕСТИ August 10, 2025

Белата куќа размислува да го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски на Алјаска, каде американскиот претседател…

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

August 9, 2025

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.