НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тетово во аларманта состојба

0
By Нова ТВ on January 28, 2015 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Арбен Таравари- лекар невролог

Овој текст сакам да го започнам со едно загрижувачко прашање што ме прави да се чувствувам многу лошо, но мојата задача како граѓанин и доктор, ме става во позиција во која не можам да го заобиколам ова толку страшно прашање.

Еве што ќе ве прашам: „Дали сте подготвени да ги оставите вашите деца, жени, мажи и стари лица да се разболат и да имаат фатални последици во животот“?

Имам впечаток дека моето прашање не е само реторичко, туку како што спомнав, тоа е страшно.

Повеќе од сигурен сум дека одговорот на сите е НЕ!

Дека ова е драматично, катастрофално, дека во 2015 година ова прашање е апсурдно и.т.н. Кратко кажано: СТРАШНО!

Но дали знаете дека ова што се случува во Тетово има застрашувачки одговор, односно ДА!

Можеби поради недостаток на информации, можеби поради наивност, но јас лично сметам дека поради политичките придобивки и нечесниот бизнис, вие дозволувате ова да се случува.

Ќе објавам неколку статистички податоци и искрено не ме засега дали делуваат разочарувачки. Здравјето на сите, без никаков сомнеж, а особено здравјето на децата е во голема опасност!

Дали некогаш сте чуле за загадување на воздухот познато и како Air Pollution? Состојбата во Тетово е следна:

1. Загадувањето на воздухот е за 200 пати повисоко од дозволената ниво, односно 200 посто.

2. П10 честичките од 50 микрограми/м3 се за 700-1000 микрограми /м3 повеќе од дозволеното ниво.

3. Тетово ја надминува дозволената граница од 35 дена во годината кога П10 честичките се над 50 микрограми/м3. Во градот ваквата состојба е 300 денови во годината.

4. Во Тетово, во 2010 имаше само 1319 заболени лица од различни видови на рак, а пак во 2013 оваа бројка е речиси двојно зголемена, односно во 2013 регистрирани се 2375 заболени од различни типови на рак.

5. Тетово речиси редовно е меѓу петте најзагадени градови во светот!

Или директно, доколку сакате нормално да дишете во Тетово, тоа е можно само 28 денови во годината.

Дали треба да излезе некој пророк и да каже кои се среќни денови во 2015-та година кога жителите на Тетово дишејќи нема да бидат во опасност од рак и смрт!!!

Значи ние живееме повеќе од 300 денови во годината со масовно труење.

Во Тетово кога една невеста ќе остане бремена не си сигурен дали треба да се радуваш или не, бидејќи токму оваа група (бремени жени) е најпогодена од загадениот воздух. Дури и доколку се затворите дома целосно, нема да одите на работа, на гости, на прошетка со внукот или внуката, тогаш повторно неможете да се спасите од алармантната состојба во која се наоѓа Тетово, бидејќи воздухот преку распаднатите прозорци и врати влегува во домовите на добрите Албанци во Тетово.

Во воздухот има отровни гасови, за кој јас нема да дадам научно објаснување што причинуваат тие, бидејќи состојбата е толку алармантна и нема време за научно објаснување, кратко и јасно: НОСАТ РАК!

Треба да се знае дека 6о проценти од отровните гасови ни се „подарок“ од Југохром!

Значи од тетовчани можат само 28 дена да живеат нормално, а имаат 300 денови опасни по живот, сето тоа е „подарок“ од Југохром! Дали луѓето знаат за состојбата со Југохром? Да!
Дали се властите се свесни за штетата што ја причинува? Не знам! Дали треба да се свесни? АПСОЛУТНО ДА!

Криминалци не се само оние што земаат оружје и пукаат врз невини луѓе. Најголеми криминалци се оние кои во име на бизнисот и финансиската добивка, масивно убиваат луѓе, а супер-криминалци се оние што молчат и соработуваат со нив, нешто што западниот свет жестоко ги казнува!

Како што можам да констатирам политичарите кои носат одлуки за Тетово не разбираат ништо бидејќи не можам да поверувам дека тие се согласуваат со молчењето на нивните шефови, а при тоа го ризикуваат животот на нивните деца, родители, бремени жени и другите членови на нивните семејства.

Секако НЕ!

Но, вие господа кои одлучувате треба да знаете дека ракот не бира, тој е потенцијална опасност за децата на еден обичен работник исто како за вашите деца. Вие господа кои сте на власт знаете ли дека доволно е да работиш или да живееш во Тетово за да ракот биде блиску до вашата реалност.

Јас сум Арбен Таравари и се обидувам да го вклучам алармот. Живеам во Гостивар и Скопје, но во Тетово живеат Албанци како мене, таму живеат луѓе!

Со цела одговорност како лекар изјавувам дека ракот е голема закана за Тетово и доколку сега не се преземе нешто, верувајте ми дека загубите во човечки животи ќе бидат огромни.

Југохром е компанија која не почитува ниту еден критериум, знаети ли зошто? Бидејќи тоа чини пари. И, ниту еден од овие босови од бизнисот и политиката, нема да плати за почитување на критериуми доколку никој не го крене гласот.
Животот на едно момче од Тетово, на едно девојче, на дедо, на бебе, не е дел од бизни-планот на Југохром, но е дел од мојот план и од планот на илјадници мажи и жени од Тетово.

Јас со сета сила ќе се борам за да ја разбудам јавноста за ова прашање, но секако, сам не верувам дека ќе го намалам бројот на заболени лица од рак и да ја намалам смртноста причинета од овој проблем.

За мене морал претставува насмевката на моето дете, на сите деца. За жал, се уште не е најде лек за немањето морал и разум. Разумот и моралот, почитувани дами и господа, треба да се единствените играчи на терен, во спротивно времето ќе ни удри силен пенал.

Доколку имате некое дете, таму во близина, само погледнете го во очи, и ќе сфатите што треба да направите за него во овој случај. И вие треба тоа да го сторите!!!

*Текстот е преземан од Фејсбук профилот на лекарот Таравари

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.