Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тежок багаж за Европа

0
By Нова ТВ on November 11, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Историјата, поточно спорот во врска со „историската  вистина“ повторно е главна тема во односите меѓу Македонија и Бугарија. Ако пред повеќе од триесет години тоа го правеа во марксистички контекст, сега го прават во европски.

Додека се разменуваат обвинувања и клевети, последните истражувања во Македонија и во Бугарија покажуваат дека едвај 1% од Македонците ги сметаат Бугарите за пријателски народ, а 80% од Бугарите посакуваат бугарската влада да стави вето на почетокот на преговорите за членство на Македонија во ЕУ. Секому кому му е позната македонско-бугарската историја, ќе препознае нешто слично во сопственото општество. Секој има свој историски непријател кој е секогаш тука да „помогне“ кога треба да се заборави на реалните проблеми.

Што треба да направиме за нештата да се променат, особено кога нема поддршка од државните институции? Постојат голем број иницијативи од историчари и од сите оние кои на еден или на друг начин се занимаваат со минатото – научни проекти, дебати, декларации, медиумски настапи, комисии за учебници по историја и слично. Сите тие активности даваат одреден резултат, можеби не оној очекуваниот, но ја подигаат свеста во општествата за различните перспективи и за деполитизација на минатото, но и за нивна демократизација. Она што го нема доволно е соработка, солидарност меѓу интелектуалците, активистите, политичарите и сите оние што се спротивставуваат на политизацијата на историјата и на нејзината злоупотреба за политички и националистички цели. За жал, многу е тешко да мобилизирате македонски историчари, интелектуалци  и активисти, на пример, во Босна и Херцеговина. Да не зборувам за воените злосторства и за прашањето околу наследството од војните и настанатите со распадот на Социјалистичка Југославија. За Македонците тоа е проблем што ги засега Бошњаците, Хрватите и Србите, но не и Македонците. Верувам дека ниту во Босна и Херцеговина во моментов не ги познаваат проблемите со кои се соочува македонското општество, освен можеби на ниво на површно известување од страна на медиумите, ако воопшто известуваат. Тоа е резултат на општата состојба во нашите државички и зборува за отсуството на емпатија и на солидарност, на меѓусебна поддршка на либералните и демократските кругови.

Да се вратам на македонско-бугарскиот проблем. Во изминативе два месеци ова прашање стана прашање на политичка егзистенција, есенцијално прашање кое полека преминува од ниво на конфликт меѓу елитите во конфликт меѓу два народа. Политичките аналитичари сметаат дека моменталната ситуација ја доведува во прашање и ЕУ перспективата на Балканот. Притоа, единствените реакции и апели дојдоа од историчари од Бугарија и од неколкумина од Македонија. Покрај нив се јавија уште два, три експерти, но од Германија и од Австрија. Паѓа в очи молкот на многу историчари, интелектуалци, организации што се занимаваат со овие прашања не само во Македонија и во Бугарија, туку и во други земји на Балканот и во Европа. Речиси е исто кога се негира геноцидот во Сребреница, а бројни интелектуалци во Македонија само констатира во своите канцеларии и кафулиња дека тоа не е добро. Имено, улогата на интелектуалецот не е само да ја ограничи својата работа на пишување новински текстови и да ги комуницира своите идеи со неколку истомисленици. Во недостиг на поддршка од државните институции, неопходна е поголема и посолидарна активност, посилен глас на сите оние што ги застапуваат идеите за демократија и за помирување, а се спротивставуваат на злоупотребата на минатото за политички и за националистички цели.

 

Петар Тодоров е историчар при Институтот за национална историја во Скопје. Од 2018 година е член на Заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија.
Текстот е преземен од опкружување –  платформа отворена и достапна за сите оние од регионот таканаречен Западен Балкан, чии гласови заслужуваат внимание и кои сакаат со своите текстови, видео записи и други формати да го изнесат својот критички поглед, да понудат нови идеи и видувања за сите случувања во соседството.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.