Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тежок удар за колумбискиот картел, запленети повеќе од четири тони кокаин во Италија

0
By Mirjana on June 7, 2022 СВЕТ
Photo: Eurojust
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Италијанската полиција заплени 4,3 тони кокаин кој на црниот пазар вреди 240 милиони евра. Ова му нанесе тежок удар на колумбискиот клан дел Голфо, соопштија истражителите.

Полицијата соопшти дека станува збор за една од најголемите вакви заплени во Европа и дека се издадени налози за апсење на 38 лица во шест земји – Италија, Словенија, Хрватска, Бугарија, Холандија и Колумбија.

Во истрагата, која траела повеќе од една година, биле вклучени колумбиското правосудство и американската Агенција за национална безбедност, пренесе РТС.

Освен кокаин, запленети се и 1,85 милиони евра.

Photo: The Local Italy

Колумбиските власти објавија минатиот ноември дека се фокусирани на разбивање на Кланот дел Голфо, чија мрежа се протега во 28 земји ширум светот, по апсењето на водачот на тој клан, Даир Антонио Усаџ, наречен Отонел, во октомври 2021 година.

„Уште еден тежок удар за најважната група меѓу колумбиските нарко банди“, велат истражителите од Трст.

Тие, исто така, изјавија дека нивната работа открила „густа мрежа“ на врски меѓу јужноамериканските производители на кокаин и европските купувачи, што кореспондира со организираните криминални групи кои дејствуваат низ цела Италија, вклучително и Калабрија, каде што е седиштето на кланот Ндрангета.

Соопштено е дека полицијата следела 19 последователни испораки на дрога од мај минатата година, што и овозможило да идентификуваат важни посредници „во глобалниот систем на трговија со дрога и голем број трговци“.

 

Голема заплена на кокаин во Италија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.