Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тиквеш фестивал на младо вино 2021: Да наздравиме за посреќна иднина

0
By НОВА ТВ Balaban on November 22, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По минатотогодишното онлајн издание, Винарската визба „Тиквеш“ оваа година ја продолжи традицијата на Фестивалот на младо вино во својот вообичаен формат и на добро познатата локација. Оваа година, наместо два, фестивалот се одвиваше во текот на три дена, со цел да се обезбеди што поголем број јавни личности, соработници на винарницата, претставници на дипломатскиот кор, институциите, бизнис секторот и на медиумите од земјава и регионот да можат да уживаат во младите вина од последната берба, а притоа да се чувствуваат безбедно, почитувајќи ги пропишаните мерки за заштита од ковид-19, соопштија денеска од Винарската визба „Тиквеш“.

„Ме радува што сме повторно овде во ,Тиквеш’, на местото каде што се создава врвното вино и што имаме можност да ја продолжиме оваа традиција, да прославиме со она што нé спојува, а тоа е љубовта кон виното и животот и секако заедно да наздравиме за посреќна иднина“, истакна меѓудругото претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски, во своето поздравно обраќање на годинешниот Фестивал на младо вино. „Благодарение на големите залагања на целиот тим и на нашите партнери – лозарите, како и на обемните вложувања и нашето инсистирање и упорност во почитување на стандардите и оваа година успеавме да произведеме одлични вина, кои верувам дека ќе ни донесат нови високи оценки и признанија и со тоа ќе останат најдобрите амабасадори на нашата земја и на нејзините уникатни убавини во светот“, потенцираше Јаневски.

Според оценките на енолозите и првите впечатоци од дегустираните млади вина од страна на посетителите на фестивалот, вината на „Тиквеш“ од годинешната берба се со одлични карактеристики. Белите вина располагаат со одлична ароматика и свежина, розе вината изобилуваат со нежни овошни ноти и свеж вкус, а црвените се истакнуваат по својата комплексност и структура. Особено висок потенцијал за освојување нови награди и признанија на  реномирани светски вински натпревари имаат вината добиени од црвените сорти: вранец, каберне совињон, сира, мерло и гренаш, а кај белите сорти се истакнуваат белите вина од сортите темјаника и траминец.

Инаку, покрај одличното вино и вкусната храна, за добрата атмосфера во текот на трите дена од годинешниот Фестивал на младо вино се погрижија Мијата и Дани од македонската поп-музичка сцена, како и Амира Медуњанин и Нина Бадриќ, како претставнички на регионалната музичка сцена, а водител на настанот беше актерот Сашко Коцев.

И оваа година, согласно својата определба за општествено одговорно делување, „Тиквеш“ им овозможи на сите посетители на Фестивалот да дадат свои парични донации, а за возврат винарницата на секој од нив им подари уникатно младо вино, кое не може да се најде во продажната мрежа. Собраните средства се наменети за поддршка на функционирањето и активностите на организацијата СОС Детско Село.

Фестивалот на младо вино на „Тиквеш“ се одржува секоја година во третиот викенд од месец ноември, истовремено со останатите фестивали ширум светот посветени на младото вино. Овој фестивал е прв од ваков карактер во нашата земја и има значајна улога во градењето на винската култура и создавањето сопствена традиција на евалуација на виното од последната берба, како што е случајот во многу други земји – производители на вино.

 

Винарската визба „Тиквеш“ Тиквеш фестивал на младо вино 2021
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025
ФОКУС

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

ВЕСТИ November 14, 2025

Во знак на сеќавање на 63-те жртви од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани,…

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025

Комисијата утврди и соопшти: На десет пациенти им е извршена непотребна операција на срце

November 14, 2025

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

November 13, 2025
ТИКЕР

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.