Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тоа знаме не е само на друга држава туку е национален симбол

0
By Zoran Ivanov on December 1, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Како може еден нормален човек ова да го напише? Од Цар Душан, Султан Мехмет, Цар Борис па се до Слободан Милошевиќ… Убиени, протерани, но сепак сме тука. Не можеш да избркаш човек од дома. Како што не можеа да ги избркаат ниту Македонците. Апсолутно исти судбини како народи но никако да најдеме заеднички јазик.

 Фурхан Салиу

2,3 тензични денови но со неколку разумни одлуки тензијата се намали.

Паметна одлука да се одложат фудбалските натпревари.

Брзата реакција на МВР исто така позитивно влијаеше да се оладат главите.

Сепак, тоа што го читам на социјалните мрежи не дава многу надеж дека ваквите случаи нема да се повторат.

Последен пат пишувам за меѓуетнички теми. Секој си има своја вистина, свој свет и нека си тера.

Тешко се прифаќаат различностите во оваа држава.

-ОВА Е МАКЕДОНИЈА АКО НЕ ТИ СЕ ДОПАЃА ПРЕСЕЛИ СЕ ВО КОСОВО ИЛИ АЛБАНИЈА…

Како може еден нормален човек ова да го напише? Од Цар Душан, Султан Мехмет, Цар Борис па се до Слободан Милошевиќ… Убиени, протерани, но сепак сме тука. Не можеш да избркаш човек од дома.

Како што не можеа да ги избркаат ниту Македонците. Апсолутно исти судбини како народи но никако да најдеме заеднички јазик.

-ТУКА СЕ РАЃААТ, ТУКА ЗИМААТ ПЛАТА, ТУКА ГО ВАДАТ ЛЕБОТ И НА КРАЈ ГО ПАЛАТ ЗНАМЕТО.

Ова го пишуваат луѓе кои што растеле со Албанци и тоа е најголемата трагедија.

Добро е на ова да ви текне кога барате да си заминеме од државата.

Да, тука сум роден. Тука растев со Даниел, Стефан, Тони, Баже, Кико, Софија, Ане, Бојана.

Тука е роден мојот дедо, прадедо.

Знаеш, тие го немаа тој луксуз да се вработат во јавната администрација па мораа да заминат на печалба за да не хранат.

Тука плаќам даноци.

Тука работам секој ден по 12 саати за да добијам мизерна плата исто како и ти.

-ШТО БАРА ЗНАМЕ НА ДРУГА ДРЖАВА ВО МАКЕДОНИЈА?

Како прво, тоа знаме не е само на друга држава туку е национален симбол.

Од 15 век па се до денес тоа знаме ме претставува мене како Албанец.

Зошто боде очи толку навистина е несфатливо.

Ако јас имам албанско знаме како тоа одма значи дека не го почитувам државното знаме?

Ова лудило треба да престане… Моите предци правеле свадба со тоа знаме, мојот син и неговиот син, и неговиот внук истото ќе го прават.

Жално е што токму меѓуетничките односи се злоупотребуваат кога треба да се дефокусира.

Жално е што токму тие различности кои не прават уникатни во регионот не ги користиме како предност туку како тема за раздор.

Од Фејсбук ѕидот на авторот

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
ФОКУС

Јато дронови над белгиска воена база – НАТО го вклучи алармот

ВЕСТИ October 3, 2025

Петнаесетина дронови ја надлетаа белгиската воена база „Елзенборн“ во источната покраина Лиеж, потврди канцеларијата на…

30 години од атентатот врз првиот Претседател на независна Македонија Киро Глигоров

October 3, 2025

Време: Зимата ја претрка есента

October 3, 2025

Дронови го затворија аеродромот во Минхен – откажани 17 летови

October 3, 2025
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.