Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тодоров: Додека Мицкоски е на чело на ВМРО, Заев ќе си игра мајтап со ВМРО

0
By Нова ТВ on March 4, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Екс министерот за здравство и дел од поранешното раководство на ВМРО ДПМНЕ, Никола Тодоров на својот фејсбук профил ја посочи разочараноста од вчерашните потези на партијата. Имено, тој вели дека најголемиот проблем е што опстојува Владата предводена од Заев и СДСМ.

„Почитувани членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, вчерашниот ден беше разочарувачки за сите нас од три причини. Прво, владата на Заев опстана. Не и беше изгласана недоверба и овој факт не може и не смее да го направи среќен било кој наш член или симпатизер без разлика дали се согласува или не со политиките на актуелното раководство. Никогаш не сум ликувал и никогаш нема да ликувам на било кој пораз на ВМРО, без разлика на тоа кој го води ВМРО и дали лично се согласувам или не со претседателот на партијата. Затоа велам, жалам што опстои владата предводена од Заев и СДСМ.
Втората причина за разочараност е фактот што излезе на виделина лагата дека има ново парламентарно мнозинство предводено од ВМРО. Кај сите членови се подгреваше лажна надеж од страна на Мицкоски дека владата е готова, падната, и дека за неколку дена ова ќе биде реалност. За жал, Заев на еден брутален начин, политички, го тресна од земја Мицкоски по стоти пат. Јасно е, се додека Мицкоски е на чело на ВМРО, Заев ќе си игра мајтап со ВМРО и ќе биде на власт во државата. Мицкоски си оди, Заев си оди!

Третата причина за разочараност е што сопартијци, очи си вадат по социјалните мрежи, со погрдни зборови и лоши мисли. Повторно причината за длабоката поделба е Мицкоски. Мицкоски си оди, ВМРО се обединува! Само сплотени можеме да станеме модерна, европска, центар десна партија и само така ќе си ги повратиме изгубените над 150.000 гласови. Или ќе останеме робови на минатото или ќе покажеме храброст и визија за иднината.

Да живее Европска Македонија“, се вели во фејсбук објавата на Тодоров

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025
ФОКУС

Нетанјаху тврди дека воопшто не прифатил палестинска држава во разговорите со Трамп

ВЕСТИ September 30, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху негираше дека го прифатил принципот на палестинска држава денеска откако претседателот…

Палестинската управа го поддржа мировниот план на Трамп и вети реформи

September 30, 2025

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

September 29, 2025

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025
ТИКЕР

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.