Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тогаш кога Груевски и Грејс пловеа со Мерцедес

0
By Биљана Секуловска on December 5, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кога премиерот Никола Груевски беше прашан од опозициониот пратеник Горан Мисовски за неопходноста да купи Мерцедес кој чини 600. 000 евра, неговиот одговор беше дека му бил потребен за да се превезуваат високи гости. Така и се сетив на приказната за Теодоро Обианг Нгуема Мбасого, претседателот на Екваторска Гвинеја.

Приказна за човекот на кој автомобилите му служат за да ги полнат страниците на светскиот печат а насловите обично ги разгалуваат или разгневуваат (како им драго) нему сличните: “Навиките на раскалашните диктатори”.

Мбасого е колекционер на Бугати, Масерати и Бентли, во земјата која стана богата од поседување на нафтени резерви, но нејзиниот народ е сиромашен и заборавен и од бога. Главното богатство е во рацете на тесна елита, која не дозволува на својот народ пристојно да се образува или да се лечи, а критичарите на Владата се подложни на репресивни мерки.
Тортура, заплашувања, притвори и затвори- соодветни методи за секој оној што ќе се спротивстави на вљубеникот на скапи автомобили, претседателот Мбасаго.

Навиките на политичарите за бесрамно трошење на народните пари понекогаш ја убиваат жедта на народот да го преживее месецот. Затоа што не може да имате во исто време и Мерцедес со кој ниту еден африкански претседател не би се срамел (или македонски, од високи гости) и цитостатици за болните од рак, на пример.

Ех, Груевски би знаел и на овој ребус да одговори- конечно, ниту еден сериозен висок гостин не го интересираат подлите пациенти кои му подметнуваат егоистични барања за да преживеат барем еден миг повеќе од проклетиот ден. Себични болни, сакати и грбави, кои имаат потреба да се лечат достоинствено во сопствената земја на ниту еден премиер не му се потребни, за тој да се срами пред високите гости ако нема Мерцедес од сумата која ми станува срам повторно да ја напишам.

Можеби решението е во опозицијата? Во некои земји е најдобро политички да се убие праќачот на пораки, а тоа секако се критичарите на власта.

Обвинете ја опозицијата дека не дозволува да се земат кредити за плати и пензии- стои во првите “Десет заповеди за тоа како систематски да се прави од народот- идиот”. Народот, ех тој скромен народ, безлична маса, си вели власта, секако нема да чезнее за вечера да ја изеде ногата на златниот лав на мостот Гоце Делчев или да го изглода месниот дел од изгланцаниот опаш на коњот на Александар Македонски. Ќе и го сврти гневот на опозицијата, погледнете го само бездушниот Кире Наумов, заменик-министер за финансии кој на својот единствен народ му скратува од солта, кога на мени е само леб и сол и по некое зрно грав за свечени оброци.

Свеченоста доаѓа обично ненајавена и непоканета, можеби најважниот момент за еден патриот и стопан е воздушестото галопирање на стоте коња на Мерцедесот на премиерот Груевски. Како би било овој прелет на премиерот да се прослави со славеничка гозба на секој еден граѓанин со зрно дотраена леќа повеќе во оброкот?

Има ли никој носталгија за бомбите на Заев, тогаш кога се говори дека една од најголемите страсти на некои политичари да се поседуваат имоти, плацеви, куќи, можеби додека се бараат низ некакво затворено комбе плацевите низ Водно?

Разгледајте ја само листата на алчните политичари низ светот и свирепоста на нивните жени кон секој оној што создал трошно куќарче за преноќување со семејството. Ако на ум ви паѓа една Грејс Мугабе, сопругата на претседателот на Зимбабве, тогаш сте на вистинската страница на историјата. Алчната Грејс, како што ја нарекуваат странските медиуми е жена- динамит. Руши се пред себе што не во нејзина сопственост. Но, никаде не прочитав дека поседува Мерцедес А Класа. Што ништо не значи, зарем не?

Кога ќе го слушнам објаснувањето на Груевски за високите гости и важноста да се има токму за нив Мерцедес, ми излегува пред очи лакомата Грејс и нејзиниот прониклив и граблив израз на лицето, кога поминува низ скопските улици. Што би дала таа за еден ваков автомобил, тоа е се што таа тогаш ќе се прашува и- одважно ќе одговори: ништо, народот ќе даде, пред да му биде одземено буквално се.

Се разбира, ќе биде силно заинтересирана да ги одземе достоинството и честа од својот народ. Тоа се две нешта за кои Груевски и Грејс калкулираат дека ќе ги поседуваат со векови, додека спокојно се труцкаат низ парталавите крпени скопски улици. Низ нив поминува народ свиткан и замислен, со изглед на камења натежнати, соодветен подарок за високите гости на Груевски, како што е Грејс. Се би дала да изгледа далеку подобро од тој грбав народ, права прилика да се вклучи масажерот во Мерцедесот- нарачка на Груевски во една од бомбите на Заев, и да запловат со колегата Груевски подалеку од сите нас.

Најдалеку од погледот на зградата на Специјалното обвинителство, каде нема да можат ниту сенката на Катица Јанева да ја дофатат. Во еден миг една сенка ќе ги надвисне, но Мерцедесот ќе гарантира бегство. Тогаш нема никој да може да ги достигне и задишано да им каже- бегате од сопствената сенка, како што обично бива, како што обично и ќе ги стаса сопствениот меч.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

ВЕСТИ October 8, 2025

Вториот ден од преговорите за завршување на војната помеѓу Израел и Хамас во Појасот Газа,…

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

October 7, 2025

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.