Надежда Толокоњикова и Марија Аљохина од Пуси Рајот, се сретнале денес во Краснојарск, по амнестијата од рускиот претседател Владимир Путин. Двете потврдиле дека ќе продолжат да се борат за човековите права.
Откако го напуштила затворот во Новоград, за да се сретне со Толокоњикова, 25-годишната Марија Аљохина, одлетала за Краснојарск.
Според сопругот на Толокоњикова, тие две ќе минат два дена таму.
И фотографот на „Гринпис“, Денис Сињаков, кој бил уапсен на крајот на септември на бродот на истата организација, допатувал во Краснојарск за да се сретне со двете Русинки.
Толокоњикова и Аљохина беа осудени на две години затвор, поради „панк молитвата“ во московската катедрала, против Путин и неговата врска со православната црква.
Двете девојки по излегувањето од затвор најавиле дека ќе се борат против руските власти и ќе делуваат во корист на затворениците и подобрување на затворскиот систем.