Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Томас Метју Крукс: 13-ти јули ќе биде мојата премиера

0
By Zoran Ivanov on July 18, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Томас Метју Крукс, кој се обиде да го убие поранешниот американски претседател Доналд Трамп на неговиот митинг одржан во саботата во Пенсилванија, неколку дена претходно на интернет објавил грозоморна порака, јавуваат американските медиуми.

Дваесет годишниот Крукс најави злобни планови за денот кога пукаше кон Трамп во Батлер, Пенсилванија, пишува „Њујорк пост“.

-13-ти јули ќе биде мојата премиера, гледајте како се развива, наводно напишал апаѓачот на Steam, популарна онлајн-платформа каде што гејмерите комуницираат меѓу себе.

Пораката што го навестува нападот им беше откриена на американските сенатори за време на брифингот со високи претставници на органите за спроведување на законот во средата.

Крукс исто така имал фотографии од претседателот Бајден на неговиот мобилен телефон и ги барал датумите на националната конвенција на Демократската партија и митингот на Трамп во Пенсилванија каде што пукаше кон 45-тиот претседател, изјавија извори за спроведување на законот за Њујорк пост.

Инспекторите бараат одговори на телефоните и на компјутерот на напаѓачот, но допрва треба да го идентификуваат мотивот.

Истрагата за пребарувањето на заднината на нападот не откри на која страна од политичкиот спектар Крукс, регистриран републиканец, се наоѓал, според „Еј-би-си њуз“, кој прв го објави откритието.

Крукс, кој беше убиен неколку секунди по пукањето кон поранешниот претседател, имал два мобилни телефона – еден пронајден во близина на неговото тело, а друг дома со 27 контакти, според Фокс.

Деталите за пребарувањето беа објавени кога се рашири веста дека поминале 20 минути од времето кога снајперистите на Тајната служба првпат го забележале на покривот со пушка и времето кога почнал да пука во Трамп.

Во престрелката е убиен 50-годишен татко на две деца, а повредени се уште две лица, кои биле на собирот.

Повеќе извори за спроведување на законот, информирани за истрагата, за Еј-би-си изјавија дека снајперисти го виделе Крукс на покривот надвор од безбедносната зона на собирот во 17.52 часот, пред да почне пукањето во 18.12 часот.

Шокантниот временски јаз од 20 минути го потврдија изворите на Њујорк пост, кои додадоа дека во еден момент Крукс наводно преку својот мерач за далечина погледнал во снајперистите што го набљудувале.

Всушност, Крукс бил идентификуван како личност од интерес повеќе од еден час пред да почне пукањето, изјавиле извори за Њујорк пост.

По првиот истрел, снајперистите го елиминирале за 26 секунди.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

ВЕСТИ September 27, 2025

Родителите на починатите во мартовскиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска по 24 –…

The Times of Israel:  Планот на Трамп за Газа – Израел ќе ја повлече војската и Палестинците нема да бидат раселени

September 27, 2025

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

September 26, 2025

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.