Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Топалов: Македонските историчари се фалсификатори, македонскиот јазик е српско-бугарски дијалект

0
By Ivana on December 27, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Членовите на  комисијата од македонска страна се добро обучени фалсификатори на историјата кои иако ги знаат фактите, не сакаат да се усогласат со нив, смета членот на бугарската комисија за историски прашања, профсорот Кирил Топалов. 

Тој во интервјуто за БГНЕС го коментира и ставот на претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев, за што вели дека е провокација како за Бугарија, така и за Грција.

– Неодамна претседателот на нивната академија на науките, Љупчо Коцарев, излезе со шокантна изјава, која всушност политички ги испровоцира и Бугарија и Грција. Тој рече дека во Македонија е создадена македонската азбука и македонскиот јазик, дека Климент и Наум Охридски ја создале македонската духовност и литература и потоа ја дале на целиот словенски свет, дека македонскиот јазик се зборува низ цела Македонија – Егејска, Пиринска и Вардарска. Ова е политички иредентизам. Тоа значи дека утре може да имаат претензии за Пиринска и Егејска Македонија, вели Топалов.

Топалов оценува дека македонската страна не го почитува Договорот за добрососедство од 2017 година, особено делот за општата историја.

– Тоа значи дека до 1944 година бевме еден народ со еден јазик – бугарски народ со бугарски јазик. Потоа ја создадоа оваа српско-македонско-дијалектно-бугарска мешавина што ја нарекуваат македонски јазик. Тие може си го нарекуваат како што сакаат. Но, наше право е да го признаеме како таков или не. Ние сакаме многу малку од нив, тие не се подготвени да се откажат, дури ни не го почитуваат договорот, вели  Топалов.

Според него, бугарската позиција кон Македонија во 2022 година треба да остане отворена за дијалог, отворена за деловни односи и како што вели „подготвена да помогне на нашата земја и на луѓето од нашата крв да се приклучат кон ЕУ“.

– Ова е наша желба и никогаш не би го жртвувале нашиот идентитет за друга цел. Тоа би бил крајно погрешен потег и мислам дека сите го разбираат тоа. Ова е сложено прашање што се однесува на еманципација на Македонија од Србија и оттогаш нашата братска држава да почне да гради сопствена политика и односи. Бугарската рака е секогаш подадена, вели Топалов.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.