Две лица се убиени, а според првичните информации, станува збор за момче кое си ги убило братот близнак и таткото, кој е познат адвокат во Северна Митровица.
Злосторството се случило околу шест часот изутрина на улицата „Крал Петар“ во Северна Митровица, а му претходела кавга.
Портпаролот на косовската полиција, Бранислав Радовиќ, потврди дека во инцидентот учествувале двајцата браќа близнаци родени во 1993 година и нивниот татко.