Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трајан Ангелоски е нов претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија

0
By Ivana on November 22, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Трајан Ангелоски е избран за нов претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија. Собранието на Сојузот го потврди изборот на денешната седница. Ангелоски е косопственик и извршен директор на компанијата за производство, трговија и развој на врзувачки елементи „Ариљеметал“, со која успешно раководи повеќе од 10 години. Тој досега беше претседател на Индустриска комора, a по професија е машински инженер и магистер по технички науки.

Активностите на новиот претседател ќе бидат насочен кон заштита на претпријатија и унапредување на организациската структура на Сојузот.

„Вредноста на Сојузот како организација е во валоризација на претприемништвото и на семејни мали и средни компании чиј раст и развој ја носи целокупната економија напред. Ќе бидеме насочени кон поттикнување на економски политики за создавање на здрава деловна клима со имплементација на најдобрите светски практики, се со цел непречен раст и напредок на деловните субјекти. Сојузот досега се наметна како значаен фактор во креирање не економските политики и цели кон тоа да стане водечка деловна мрежа во Југоисточна Европа“, истакна Ангелоски.

На предлог на новиот претседател избрани се и тројца нови потпретседатели, Александра Андреева, член на Управниот одбор на Сојузот, Владимир Граматиков, претседател на Туристичко-угостителската комора и Ивица Јакимоски претседател на Градежната комора, а потврдени се и досегашните потпретседатели Драган Митковски, претседател на Комората на сметководители и Габриела Кулебанова.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.