Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп му предложил брак на Путин – Орбан кум, Мицко и Ким деверуши

0
By Zoran Ivanov on November 16, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

РИБАРО

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, како што дознава екипата на АХА, му предложил брак на рускиот претседател Владимир Путин.

Да се направиме јас и ти – едно, агејн?!, му предложил Трамп на Путин, јавуваат нашите извори брифирани од послугата на Меланија.

Според протечените информации, венчан кум на свадбата би бил унгарскиот премиер и заеднички пријател на Трамп и Путин, Виктор Орбан, а за први резерви – деверуши, се споменуваат имињата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и премиерот на Нашата земја – Христијан Мицкоски.

Откако дознала за плановите, сопругата на Трамп била многу бесна, па како што јавуваат нашите извори, токму тоа и било причината Миланија да одбие да се пресели во Белата куќа во Вашингтон.

Ќе ми објасни ли некој, како е можно во САД, човек што е во брак да предлага брак на друг?, прашувала Меланија.

Тимот на Трамп што во јануари и официјално ќе го преземе водството во САД, ѝ одговориле дека „со оглед на изборните резултати, Трамп го има целосниот легитимитет добиен од американскиот народ да прави што му е по ќеф, па било тоа и нов брак“, дознава АХА.

Ако се оствари најавата ова ќе биде ВИП свадба на векот.

Сите главни улоги во брачната поворка, како што може да се забележи, се неприкосновени лидери во своите земји.

Ова е голема чест за Нашата земја, кратко искоментираа од Кабинетот на Мицкоски за АХА.

Официјален Кремљ, сè уште не се изјаснил за понудата.

Текстот е сопственост на Фронтлајн.мк

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025
ФОКУС

Стармер го прекинува престојот во Данска – Итно се враќа во Велика Британија поради нападот во Манчестер

ВЕСТИ October 2, 2025

Британскиот премиер Кир Стармер одлучи итно да се врати во Велика Британија откако доби информации…

Израел ја уапси Грета Тунберг

October 2, 2025

Тел Авив: Активистите пловат кон Израел но ќе ги депортираме во Европа

October 2, 2025

Зеленски предупреди на закана од катастрофа во најголемата нуклеарна централа во Европа

October 1, 2025
ТИКЕР

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.