Поранешниот и кандидат за нов мандат, американски претседател Доналд Трамп денеска изјави дека републиканците ќе ја поддржат помошта за Украина во американскиот Конгрес, но само во форма на заем.Во однос на законот за помош на Украина што во моментов го разгледуваме, размислуваме да го направиме тоа во форма на заем, а не само подарок. Продолжуваме да даваме подароци од милијарди и милијарди долари, рече Трамп. Тој додаде дека и чекорите на Европа се многу поважни.
Тие треба да дадат пари. Треба да ни парираат. Ако не го сторат тоа, ќе бидам многу разочаран, рекол Трамп по состанокот со претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон на кој, како што пренесуваат повеќе американски новински агенции, разговарале за помошта за Украина, а во контекст на претстојнирте американските претседсателски избори.