Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Треба да знаеме што дишеме – неопходни се точни и транспарентни податоци

0
By Mirjana on March 9, 2022 ЗДРАВСТВО
Photo: Deccan Herald
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

И покрај значителните достигнувања што се случија од поставувањето на станиците за мониторинг на квалитетот на воздухот, и системите што ја известуваат јавноста во државите во регионот, квалитетот и количината на податоци не достигнаа задоволителни нивоа, а официјалните резултати треба да бидат многу подостапни и разбирливи, како што соопштија
од Европскиот фонд за Балканот, при спроведувањето на својата кампања „Oбединет Балкан за чист воздух“ со партнерите од регионот.

„Граѓаните на Западен Балкан имаат право да ги знаат нивоата на загаденост на воздухот и да бидат информирани за секоја промена што ќе се случи. Ова е исто толку важно како и метеролошкото известување, а тие податоци мора да бидат навремени и лесно достапни“, изјавија учесниците во регионалната кампања ‐ организации од Белград, Приштина, Подгорица, Сараево, Зеница, Скопје и Тирана.

И покрај напредокот во воспоставувањето мрежа на мерни станици за квалитетот на воздухот на Западен Балкан, сè уште има недоволна територијална покриеност од истата. И во урбаните средини недостигаат информации за некои загадувачи, особено за фините честички ПМ 2,5,
една од најопасните материи. Иако податоците се релевантни за населението само ако се достапни секој час, многу мерни станиви во регионот објавуваат податоци со задоцнување.

Повеќето земји во регионот немаат прецизен список на извори и количества на емисии на загадувачки материи. Без тоа, и сериозни инвестиции во мерните станици, не може да се спроведат правилни чекори за подобрување на квалитетот на воздухот. Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија се согласија за Зелената агенда за Западен Балкан во ноември 2020 година со потпишување на Софиската декларација, која ги дефинираше обврските на земјите од регионот за подобрување на
мерењето и известувањето и отвори пат кон фондовите на ЕУ.

Јавниот притисок останува клучен за подобрување на системот за мерење и остварување на правото да се биде информиран за нивото на загаденост на воздухот.

Каков Воздух дишеме
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.