Јована Тренчевска: Стратешки договор со Велика Британија ни се претставува како нешто што државата до сега го нема видено! ТОЧНО! Нит сме се задолжиле со 6 милијарди евра до сега нит мигранти сме примиле! Ако се додаде таа една милијарда од Унгарија доаѓаме до 7 милијарди евра задолжување. Резултати 0! За граѓаните! За поединци 100% добивка! Цената за овој “стратешки договор” ќе ја плаќаме сите ние! Како што го плаќаме и Унгарскиот кредит. Кај ни оди државата? Кај се запустивме? Ама од власта само убави мелодии слушаме. Ренесанса за Македонија! Тоа што идните генерации ќе го плаќат апажлукот на оваа власт ќе сведочи времето! Жалам само што овој филм го имаме гледано ама во режија на еден бегалец во Унгарија, со статисти кои се во Македонија. Надградено, обновено се повторува! Ќе дојде ” стратешкиот договор” во Собрание, не може за навек да биде мистерија. Ама мнозинството со леснотија ќе си го изгласа. Но, наша обврска како опозиција е да ги изнесеме сите факти пред јавноста!
Извор: Фејсбук