Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трета доза вакцина препорачана за сите граѓани, КОВИД-тестирање на 8200 ученици од идната недела

0
By НОВА ТВ on October 5, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Не се планираат нови антиковид-мерки зашто е намален бројот на хоспитализирани, болниците не се оптоварени и се празнат. Трета доза „Фајзер“ им се препорачува на сите граѓани, без оглед на возраста и дали се хронично болни. Од идната недела околу 8200 основци и средношколци ќе бидат тестирани за присуство на КОВИД-19 за да се добијат податоци за преносливост на вирусот во училиштата.

Според министерот за здравство Венко Филипче, состојбата со заразата со КОВИД-19 сега е стабилна зашто континуирано повеќе денови има речиси идентичен број нови случаи – меѓу 450 и 500, но насекаде низ државата е сè помал бројот на тие што болнички се лекуваат и сега се околу 500. Филипче вчера изјави дека некои клиники, како Клиниката за уво, грло и нос и болницата во Козле, веќе се враќаат во нормална работа и нема да сместуваат КОВИД-пациенти.

Во вчерашниот здравствен билтен беа регистрирани нови 185 случаи од 1876 тестирања во 24 часа. Евидентирани беа 523 оздравени пациенти, 12 починати и дополнително тројца во периодот 29 септември – 3 октомври 2021. Со новата статистика, бројот на дијагностицирани од почетокот на епидемијата во земјава достигна 192 654. Оздравени се 174 148, починати 6719, а активни случаи има 11 787 во целата држава.

Целосно вакцинирани се 734 000 граѓани. Од петокот е затворен пунктот во салата „Борис Трајковски“ и сега за вакцинација функционираат седум поликлиники во рамки на Здравствениот дом Скопје, во две смени. Филипче на прес-конференција информираше дека вакцини има доволно – на располагање се околу 260 илјади дози „Фајзер“, 45 000 дози „Синовак“, 100 илјади дози „Астра Зенека“.

Министерот за здравство соопшти дека 47 отсто од полнолетната популација примила најмалку една доза, а од вкупното население 38,2 проценти. Посочи дека има голема разлика од општина до општина.

-Најмногу вакцинирани со две дози полнолетни граѓани има во Вевчани, 72 проценти, над 60 проценти во Гевгелија, Демир Капија, Кавадарци и Охрид, над 55 проценти во Росоман, Ресен, Дојран, Дебрца, Богданци, Битола и Берово, а низок опфат, под 30 проценти, во Липково, Македонска Каменица и Ново Село, рече Филипче.

Следејќи ги искуствата на европските земји и САД, Комитетот за имунизација препорача трета доза не само за лица над 60 години и за здравствени работници, туку и за кои било други граѓани доколку се изложени на ризик од КОВИД-19 поради тоа што имаат чести контакти на работа или приватно, без оглед на возраста и дали имаат или немаат хронични болести.

Според Александра Грозданова, претседателка на Комитетот за имунизација, целта на препораката е да се заштитиме од многу инвазивниот делта сој и бидејќи шесте месеци од почетокот на вакцинацијата упатува на тоа дека ефективноста на дел од вакцините се намалува.

-Комбинирањето на антиковид-вакцините, особено давањето трета доза, во случајот кај нас тоа ќе биде „Фајзер“, со други претходно дадени од различен тип, дури и го зголемува, односно го проширува имунолошкиот одговор, рече Грозданова, додавајќи дека во однос на препораката третата доза да биде вакцината на „Фајзер“ го гледале искуството и од неколку студии чии резултати покажале дека ова вакцина обезбедува одлична заштита.

Околу 8200 ученици, основци и средношколци, по случаен избор од регистарот на Е-дневник ќе бидат тестирани за присуство на КОВИД-19 со земање брис. Тестирањето ќе почне во текот на следната недела и ќе биде со согласност на нивните родители.

Како што информираше министерот Филипче, планирано е скринингот да трае пет дена и дневно по околу 1600 деца да бидат тестирани во самите училишта од мобилни екипи. Целта е да се добие податок за евентуално трансмисија на вирусот во училиштата.

А за ризикот од пренесување на вирусот на партиските предизборни митинзи, на кои не се почитуваат основните мерки – дистанца и заштитна маска, Филипче смета дека е пожелно да се создадат услови да може да се бараат сертификатите за вакцинација и тоа, рече, би требало да се прави секаде каде што има влез и излез, но дека е тешко да се организира каде што се собираат граѓаните. На прес-конференцијата вчера рече дека ќе им препорача на сите политички партии да најдат начин доколку е можно да се побара сертификат и тоа да биде координирано со влез-излез.

На истото новинарско прашање – колку се почитуваат антиковид-протоколите на партиските митинзи, премиерот Зоран Заев вчера одговори дека проблемот е што самоиницијативно доаѓаат граѓани кои не држат соодветно дистанца.

– Се гледа распоредот на столчињата дека се наместени согласно протоколите, веројатно проблемот е што дополнително луѓето кои доаѓаат од страна не ја запазуваат неопходната оддалеченост и целосното почитување на протоколите, одговори Заев, додавајќи дека со организаторите на митинзите ќе направат сè за максимум да се почитуваат антиковид-протоколите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.